ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Средба Бесими – Руе: ЕБОР со клучна финансиска поддршка во проекти од јавниот сектор

March 22, 2023 09:56
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Владата е силно посветена на унапредување на условите за живот на граѓаните и бизнис опкружувањето, а  капиталните инвестиции се еден од клучните приоритети во владината програма, порача министерот за финансии Фатмир Бесими на средбата со директорката на Европската банка за обнова и развој – ЕБОР за Централна и Југоисточна Европа, Шарлот Руе и шефот на Канцеларијата на ЕБОР во земјава, Анди Аранитаси.

На денешната средба, информираат од Министерството за финансии, тема на разговор беа активностите кои се преземаат за реализација на проектите што се финансиски поддржани од Европската банка за обнова и развој во делот на модернизација на патната инфраструктура, железничко поврзување со Бугарија и Албанија, изградба на комунална инфраструктура, заштита на животна средина, како и енергетиката.

-Се менува структурата на расходи во Буџетот со акцент на капиталните инвестиции. Во последните две години буџетот е согласно златното правило, односно капиталните инвестиции се на повисоко ниво од буџетскиот дефицит. Годинава се планирани 800 милиони евра за капитални инвестиции. Средствата ќе бидат наменети за интензивирање на реализација на инфраструктурните проекти, односно за инвестициски вложувања во патната и во железничката инфраструктура, енергетската и комуналната инфраструктура, како и капитални инвестиции за подобрување на условите во здравствениот, образовниот и социјалниот систем, земјоделството, културата, спортот, заштитата на животната средина и правосудството, рече министерот Бесими.

Тој посочи на мерките што се преземаат за поефикасна и поефективна реализација на капиталните расходи, меѓу кои воспоставениот механизам КАПЕФ, воведувањето нова организациска единица за оценка на инвестициите во рамки на Министерството за финансии – ПИМА, потоа нов Управен комитет на ниво на Влада којшто ќе го утврдува приоритетот на проектите за финансирање и слично.

На средбата Бесими потенцира дека е клучна и значајна поддршката што Владата ја добива во реализација на овие проекти од меѓународните финансиски институции. При тоа напомена дека ЕБОР е финансиска институција со портфолио од околу 900 милиони евра во тековни проекти во јавниот сектор, а досега има одобрено 171 проект во вкупна вредност од 1,5 милијарди евра од кои 86 отсто се во јавниот сектор.

Меѓу приоритетните проекти, зад чија реализација стои ЕБОР се железничкиот дел од Коридорот 8 кон Бугарија, патниот правец Крива Паланка – бугарска граница, патниот правец Кичево – Букојчани, автопатската делница Скопје – Блаце, граница со Косово, а Банката има изразено интерес и за вклучување во финансирањето на проектот за изградба на западниот дел од железничкиот Коридор 8, делницата Кичево – Струга. Значителна поддршка има и во реализацијата на проектот за изградба на Интерконекторот со Грција, изградбата на гасоводните делници Свети Николе – Велес и Гостивар – Кичево, проектот за управување со цврст отпад, како и учество во проектот за Пречистителна станица во Скопје, за што денеска се потпишува Договор од 70 милиони евра за ВБИФ грант од ЕУ, а учеството на ЕБОР во реализацијата на овој проект е во износ од 58 милиони евра.

На средбата беше истакнато дека воспоставената успешна соработка ќе продолжи и во иднина на проекти кои ќе имаат придонес во развојот на земјата и подобрување на условите за живот на граѓаните.

Tags: БесимиЕБОРМФРуе
Next Post

Републикански конгресмени го повикаа Бајден да испрати касетна муниција во Украина

НАЈНОВО

Со нови учебници и алатки, започна учебната 2025/2026 година

September 1, 2025

ЕУ интеграциите меѓу резолуции и блокади

September 1, 2025

Албански симболи како мета – институционална немоќ или политичка калкулација?

September 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Според Пандов, Тодор Александров е еден од славните македонски синови – одбележани 101 година од убиството на контроверзниот историски лик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марс – мистерии, мисии и идни патувања на Црвената планета

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поглавицата легнува со жена, се буди со коњска глава, ја бакнува и оди на работа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албански симболи како мета – институционална немоќ или политичка калкулација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk