Денеска заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, ќе ја посети компанијата за дизајнирање и производство на мебел „Махагони” со седиште во Индустриска Зона ББ, Доброшане – Куманово.
По завршување на состанокот вицепремиерот Битиќи ќе даде изјава за медиуми, со почеток во 12:00 часот пред седиштето на компанијата.