На предвремените парламентарни избори во Бугарија што ќе се одржат на 2 април, за гласање се пријавиле само 169 лица од Северна Македонија.
Бројката ја објави бугарското Министерство за надворешни работи, при што најмногу пријавени имало во Кавадарци 42, Прилеп 41 и Тетово 40.
Според резултатите од последниот попис на населението во Македонија, во 2021 година, како Бугари се имаат изјаснето 3.504 лица.
Најавените избори ќе бидат петти по ред парламентарни избори во две години, откако по последните избори ниту една пратеничка листа не успеа да формира влада.