ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шкариќ: Со уставните измени ќе се потврди дистинкцијата меѓу Македонците и Бугарите

March 23, 2023 11:36
in PMD, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Решението за малцинските заедници во Македонија треба да биде истоветно како што е во Хрватска, рече професорот по уставно право Светомир Шкариќ во гостувањето во Топ тема. Инаку во Хрватска постојат над 20 етнички заедници набројани во Уставот. До ваквата бројка се стигна преку евроинтегративниот процес, наспроти првичните осум заедници кои беа дел од хрватскиот Устав.

-Ако е Хрватска друга држава, но искуството е речиси исто. Во 1990 година кога се носеше првиот Устав при првите изворни вредности беа набројани осум малцинства, но преку евроинтегративниот процес, со совест во 2010 година ја проширија листата на етнички заедници и бројката се искачи на 22, а таму се и Македонците, рече Шкариќ.

Според него, Македонија треба да има принципиелен однос без разлика за кого станува збор и не треба да се оперира со моментот кој колку брои – мнозинство или малцинство, туку правата да бидат еднакви.

-Прашање е дали Макеоднија ќе има доблест и ум да направи исчекор да го отвори патот кон пристапните преговори. Сегашната бугарска власт, преку претседателот, па и пратениците, нивните ставови за нас се неприфатливи и нивното тврдење за ист етнички корен на народот и нивното тврдење дека нашиот јазик е само регионална норма на бугарскиот јазик и уште повеќе дека нашата нација и Македонија се творба на Коминтерната и Тито, за нас се неприфатливи… во таков контекст ние не можеме да зборуваме… но треба да се размисли како Владата прашањето ќе го елаборира, рече Шкариќ.

Професорот вели дека добро би било да се движиме кон ЕУ, по процедура којашто ќе биде утврдена во Уставот, а за тоа да се случи треба заеднички јазик и разговор помеѓу домашните субјекти. Тој ја поддржа тезата на претставниците на власта дека со внесот на Бугарите во Уставот ќе се направи јасна дистинкција меѓу македонскиот и бугарскиот народ.

-Ако Бугарите се вметнат во Преамбулата како национално малцинство или како дел од бугарскиот народ,а Преамбулата почнува со македонскиот народ како единствен народ и клучен субјект на државата, тогаш може да се заклучи дека македонскиот народ потполно се разликува од бугарскиот народ. Односно, во Преамбулата македонскиот народ ќе го имаме како субјект на уставниот поредок, а Бугарите ќе ги имаме како дел од бугарскиот народ, а не како дел од македонскиот. Ова оди во наш прилог, а не во прилог на Бугарија, истакна Шкариќ.

Тој додаде дека Македонија многу ќе добие со пристапниот процес, зашто сите овие прашања ќе се подигнат на европско ниво и за Македонија тоа ќе доведе до афирмација, а бугарската страна ќе биде во тешка положба.

Во меѓувреме, игнорантскиот однос на опозицијата кон стратешки важните прашања отвора сомнеж дека по Атина, Париз и Софија, тие ќе бидат следната пречка на патот на земјава кон полноправно членство во ЕУ, воопшто не водејќи грижа за иднината на земјата и добросостојбата на граѓаните. Наспроти тврдењата на експертската јавност, тие одбиваат да учествуваат во работната група која ќе ги пишува уставните амандмани. Од партијата повеќе пати истакнаа дека во овој парламентарен состав уставни измени под бугарски диктат нема да има.

Минатата недела високите претставници на ЕУ, Жозеп Борел и Оливер Вархеји повикаа и на работа и исполнување на обврските, како што се уставните измени, кои Северна Македонија треба да ги направи пред да ги отвори Кластерите во процесот на преговори. Одбивањето на опозицијата да учествува во овој процес ја доведува во прашање нивната искреност дека европската интеграција и агенда котира високо на нивната листа на приоритети. Во изјавите за медиуми, Борел потврди дека не е возможно повторно преговарање за преговарачката рамка и порача дека Северна Македонија треба да ја искористи оваа шанса и да продолжи на европскиот пат.

Премиерот Димитар Ковачевски пак, повика опозицијата стратешки да размислува и да носи одлуки во интерес на граѓаните, а ова прашање да не го користи во дневна политика.

Tags: бугаријаМакедонијаУставШкариќ
Next Post

Ковачевски: Ќе побараме одговор од МНР зошто македонската национална телевизија не се емитува во Бугарија

НАЈНОВО

Мицкоски вели „јасен е победеникот на локалните избори, а тоа е владејачкото мнозинство“

August 20, 2025
Фото: Фронтлајн

Одложено судењето за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Тамара Котевска со приказна за штрковите со светски премиери во Венеција и Торонто

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk