РИБАРО
Писателот Венко Андоновски за редакцијата на АХА, вели дека всушност му се помешале фолдерите и неговата колумна „О неписменех: Кои сте бре вие?“ од пред некој ден била пишана за периодот од пред 2016 година, но…
„Ма се мислев дали да кажам дека направив куршлуц. Као, ете се деси да ги помешам фолдерите и да им пратам необјавена колумна што ја пишував за периодот од пред 2016 година. Па да речам, гледате што се дешава ако се закасни со објавувањето неколку години, одма се добива скроз поинаков контекст. А потоа веќе беше доцна, па си реков – Кој ги тркала, нека читаат како што сакаат, и онака од мене се навикнати да голтаат секаков булшит. Башка и насловот на следната книга ми е во тој правец“, рече Андоновски за АХА.
Тој, ексклузивно најави дека следно негово дело, после „папоците“ и капиталната биографија за Чифлиганец, ќе биде со наслов „Како се пикнав во Папокот на Грујо“.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK