ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Микроорганизми што го јадат линданот може да нè спасат од огромното загадување од ОХИС

March 24, 2023 18:50
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Локацијата Пеленица на која е складиран линдан од работењето на ОХИС. Фото:Мета.мк

Локацијата Пеленица на која е складиран линдан од работењето на ОХИС. Фото:Мета.мк

Share on FacebookShare on Twitter

Разложување на опасниот токсин линдан со помош на микроорганизми е истражувањето кое го спроведе младата научничка Марија Тодоровска Ивковиќ со својот тим, во рамките на Програмата за поддршка на млади еколози „Д-р Љупчо Меловски“ на Македонското еколошко друштво (МЕД). Ослободувањето од отровниот пестицид, кој со децении го загрозува здравјето на жителите на Скопје и ги загадува почвата и подземните води, е желбата со која се соочуваме секојдневно.

Изнесувањето на изомерите на линдан започна со расчистувањето на малата депонија, но остануваат и големата и депонијата во Пеленица, кои содржат десетици илјади тони опасен отпад, додека, пак, ремедијацијата на контаминираните почви и подземни води е предизвик со кој допрва ќе треба да се соочиме.

Целта на проектот „Биодеградација на линдан со помош на филаментозни фунги“, или Флиндан, како што го нарекува Марија, е биоремедијација, односно чистење на почвите каде линданот бил депониран или со кои бил во контакт. Овој метод може да се користи и за други пестициди кои ги загадуваат почвите.

„Актуелноста со линданот депониран на неколку локации во Скопје го привлече моето внимание пред се како биолог, а потоа и како човек. Кога веќе никој не прави ништо во поглед на прочистување на почвите од сите пестициди со кои се прскаат земјоделските култури, инсектициди и отрови, пожелно е да се почне од некаде, а самата сериозност на постоењето на оваа токсична материја во нашата околина алармира на акцентирање на вниманието тука“, вели Тодоровска-Ивковиќ.

Марија Тодоровска Ивковиќ
Марија Тодоровска Ивковиќ; Фото: Мета.мк

За неа фактот дека на располагање имаме бесплатни невидливи мали фабрики, кои живеат во нашата околина и го разградуваат овој токсин е фасцинантен, и бил мотивацијата да почне да ги истражува и самата да придонесе за подобрување на средината каде што живее.

„Микроорганизмите треба само да ги изолираме, истражиме, прилагодиме и поставиме на загадена почва со токсичниот линдан. Тие не само што не се штетни за екосистемот, туку и се корисни, го јадат линданот и ослободуваат вода и прости соединенија. Тоа се нашите невидливи пријатели“, вели Марија.

Посочува дека тестирањето на микроорганизмите во контролирани услови во лабораторија покажале 99 отсто ефикасност во разложување на линданот, додека во надворешни услови деградацијата е околу 60 отсто. Ова, според Тодоровска-Ивковиќ, е одличен податок бидејќи во научната литература речиси нема податоци дека постојат вакви микроорганизми кои до тој степен го деградираат линданот.

Таа смета дека еден биолог не може да направи ништо без научна работа, а кога загадувањето е во прашање навистина не треба да има компромис. Младите треба полесно да доаѓаат до потребните средства за да работат научно-истражувачка работа, а за да се заинтересираат за тоа треба да се променат многу состојби во државата, првенствено со иницирање на соработка помеѓу државните институции и приватните компании.

Според податоците од Буџетот на РСМ, за оваа година за наука се предвидени само 268 милиони денари, или само 0,08 отсто од државниот буџет, што е најниска ставка во последните десет години, со оглед на фактот дека вкупните државни финансии постојано растат, а парите за наука постојано се намалуваат.

За да се менува оваа состојба и да се популаризираат науката и истражувањата, Марија смета дека треба да се позастапени и во медиумите, во кои речиси и да нема едукативни емисии, емисии со успешни животни приказни на научници или за компании кои вложуваат во истражувања.

„За жал, во земјава нема институции каде би можело да се работи наука, освен на државните универзитети, а таму средствата се незначителни и условите минимални. Статусот на науката во државава е јасен на сите и тука нема што многу да се говори. Фондовите и ако ги има се недоволни, мали, оскудни, а од друга страна уште потешко е ако си млад и неафирмиран научник. Така да, програмата на МЕД е одлична за сите млади кои сакаат да направат нешто за себе и за другите или барем да почнат да прават нешто, бидејќи понекогаш и тоа е доволно“, вели Марија.

Таа во моментов е раководител и менаџер за квалитет на истражувачкиот Центар за применета микробиологија и биотехнологија „Д-р Кунгуловски“, во кој покрај лабораторија за наука постои и микробиолошка лабораторија за анализа на храна и вода. Центарот соработува со Природно-математичкиот факултет за студенти кои тука ја работат својата дипломска работа, со магистранти, докторанти, практиканти или волонтери, со што амбициозните млади добиваат можност да учат од искуството на постарите.

Од Македонското еколошко друштво велат дека темата на загадување, за жал, е особено значајна за Скопје, заради што и Програмата за поддршка на млади еколози „д-р Љупчо Меловски“ се насочила на таа тематика. Посочуваат дека тимот на Марија преку теренските активности, земањето на примероци и изолацијата на филаментозни фунги толерантни на линдан од депониите на пестицидот и неговите изомери дошол до извонредни резултати.

„Tимот воспостави истражувачки методи и протоколи кои покажаа дека изолатите успешно го искористуваат линданот и ослободуваат нетоксични материи во почвата“, велат од МЕД.

Извор: Мета.мк

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: жешки точкизагадување на почватаистражувањелинданМакедонско еколошко друштво (МЕД)Марија Тодоровска ИвковиќмикроорганизмиОхис

НАЈНОВО

ПСЖ го потопи Интер во финалето на Лигата на шампионите

May 31, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Арсовска достави докази во ОЈО во врска со легализирани дивоградби во Чаир спротивно на закон

May 31, 2025

Наместо европски реформи – предизборни идентитетски магли

May 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Автодиверзија врз сопственото постоење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказната на Соња Иванова и нејзината книжарница на отворено

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пендаровски за Дојче Веле: Оваа власт нема намера да оди кон ЕУ, одиме кон држави кои не се демократски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Француска собарка – новиот симбол на политичкиот речник на ВМРО-ДПМНЕ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk