ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Час на планетата Земја: Кампања за заштита на нашата планета од катастрофата што ја носат климатските промени

March 25, 2023 10:22
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, СВЕТ

Во над 190 држави денеска се одржува акцијата Час на планетата Земја 2023, кога од 20:30 часот по локално време на еден час ќе се изгаснат светилките, што ја прави најголема светска кампања посветена на нашата планета.

Секоја последна сабота во март со исклучување на светилките во 20:30 часот, WWF (Светски фонд за природата) ја спроведува оваа акција веќе шеснаесет години, објави Си Ен Ен.

Со исклучување на светилките во повеќе од 190 држави и територии во светот, со овој симболичен гест се испраќа порака дека се грижиме за планетата која е нашиот дом милиони години. Воедно се врти вниманието за катастрофата што ја носат климатските промени.

Часот на планетата Земја започна како настан за гаснење на светилките во Сиднеј во 2007 година, а во следните години огромен број земји ја прифатија иницијативата, меѓу кои и Северна Македонија и оттогаш прерасна во најголемото глобално движење за животната средина. Оваа година, учесниците се охрабруваат да ја надминат симболичната акција за исклучување на светилките, и да вложат повеќе напори во учење, повторно поврзување и помагање во обновувањето на нашата животна средина. Светскиот фонд за природата ги охрабрува сите повеќе да прочитаат за загубата на биолошката разновидност, минување мирно време во природа, собирање отпадоци или садење дрвја, односно да не се ограничуваме само на гаснење на светилките.

– За 16 години, Часот на планетата Земја ангажира милиони луѓе ширум светот со едноставно барање да ги исклучат светилките на 60 минути. Но, неговото значење стана многу повеќе од тоа, изјави Крис Конер, потпретседател за медиуми.

– На природата ѝ требаме. На луѓето им требаме. На нашата клима и требаме. Часот на планетата Земја е можност за сите нас да се здружиме, не само да прославиме сè што ни дава нашата планета, туку и да ја заштитиме, потенцира Конер.

Г. Т.

Tags: гаснењекампањаКлиматски промениодбележувањесветилкиЧас на планетата Земја
Next Post
Снимка од екран од апсењето на две лица од скопско Арачиново, во чие возило полициски службеници откриле 35 килограми марихуана, во вредност од 100.000 евра.

(ВИДЕО од апсењето) Спречен транспорт на дрога во вредност од 100.000 евра, приведени две лица

НАЈНОВО

Мицкоски вели „јасен е победеникот на локалните избори, а тоа е владејачкото мнозинство“

August 20, 2025
Фото: Фронтлајн

Одложено судењето за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Тамара Котевска со приказна за штрковите со светски премиери во Венеција и Торонто

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk