ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

До каде сте со љубовта, господо попови?

Каква е таа љубов, ако не овозможи целосна и суштинска рамноправност на жените и мажите?

March 27, 2023 16:01
in PMD, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ВАСКО ЛАЗАРЕВСКИ

Во 2263 година кон Земјата доаѓа жива огнена топка која сака да уништи сè живо, на местото на животот – носи смрт, на местото на светлината – вечен мрак. Светот и векот како што го знаеме ќе престане да постои и засекогаш ќе царува злото. Ова не е пророштво за некој Армагедон, не е визија на некој јасновидец, или светец, туку дел од приказната на филмот „Петтиот елемент“ на Лук Бесон од 1997 година. Одличен и забавен филм во кој главните јунаци Далас Корбен и Лилуминаи Лекатариба Ламина – Чаи Екбат Де Себат, или скратено: Лилу, тргнуваат во трка со времето за да ги најдат четирите мистични камења посветени на четирите елементи – вода, воздух, земја и оган со кои треба да се победи злото и да се спаси најголемото богатство од сите – животот.

Од почеток на филмот, знаеме дека Лилу е врвното битие, онаа која треба со помош на четирите елементи да го спаси животот во универзумот, она што не го знаеме е дека врвното битие е всушност љубовта. Низ перипетиите на филмот, Лилу го осознава нашиот свет кој е загаден до немајкаде, заразен со беспричински консумеризам и посветен на војни и разорувања, па постепено ја губи вербата за во пресудниот момент, резигнирана и скршена од нагонот за самоуништување на човештвото, да го праша Корбен: „Зошто да се спасува животот, гледаш и самиот што правите со него?“ За момент, целата публика се согласува со Лилу, но Бесон преку Корбен го нуди единствениот одговор кој е доволно валиден за да му даде шанса за опстанок на живототи и да го победи злото: Заради љубовта.

Деновиве се разгорува нешто што наликува на дебата околу законот за родова рамноправност, сексуалното обраование, што е жена, што е маж, кој каде припаѓа и каде му/и е местото. Институцијата црква, која по Устав и закон е одвоена од државата, се обидува директно да влијае врз носењето закони што е домен на државата, врз постулатите на образованието што е исто така домен на државата и врз положбата и статусот на жените, ајде да повториме – домен на државата. Секуларноста на државата не е одбрана случајно, или како нечиј хир, туку свесно – како најдобро решение за создавање на модерна земја во која заедно живеат разни верски групи, разни етнички заедници и заедници со различни убедувања и идентитети. Колку што се одвојува државата од верските влијанија врз нејзиното устројување, што се прави за да се избегне конфликт меѓу различните религии, толку се штитат и верските заедници од влијанието на лаичките власти врз нивното постоење.

Иако невозможно, но сепак, во интерес на продолжувањето на текстов (логично би било да заврши тука со: немате право да се мешате во законите и односите во земјава.), да занемариме дека ваквата кампања на струмичките „оци“ од сите мастрафи, е спротивна на карактерот на државата. Ете, се повикуваат на слобода на говор (а, никако не е слобода на говор да ограничуваш нечии права, и кога од привилегирана позиција ограничуваш слобода на послабите, помалубројните, поинаквите…), па со тоа го оправдуваат ова организирано заастапување за политики по нивна мерка и желба.

Ајде, да го тргнеме сето тоа на страна, заедно со софизмот, ароганцијата, да замижиме пред фактот дека влегуваат во организиран идеолошки судир и обид за воспоставуање на некаква хегемонија на верувањата и вредностите, исто како и некои поранешни државни уредувања под чија моќ стенкале и биле доведувани до раб на нерелевантност. Да погледнеме еден друг аспект: љубовта.

‘’Љубовта е долготрпелива, полна со добрина, љубовта не завидува, љубовта не се превознесува, не се гордее, не прави што е непристојно, не бара свое, не се срди, не мисли зло, на неправда не се радува, а на вистина се радува сè извинува, во сè верува, на сè се надева, сè претрпува. Љубовта никогаш не престанува’’. Вака пишува во книгите на христијаните. Впрочем, толку често се спомнува зборот љубов во нивните учења, што можам лаички да заклучам дека ако постои можност нивната вера да се означи со еден збор, тоа би бил зборот љубов. Дури еден христијански светец вели: Бог е љубов.

Во еден свој неодамнешен напис, Зоран Бојаровски го цитира Александар Шмеман: Смислата на љубовта не е да се раѓаат деца. На љубовта не и треба никакво оправдување: љубовта не е добра само затоа што дава живот, туку – токму затоа што е добра, таа дава живот!

Па добро, господо свештеници, каде е таа прочуена христијанска љубов, кога одрекувате заштита на ранливите? Каква е таа љубов кога сакате да спречите младите да се образуваат за сексот и што тој носи со себе? Младите ќе започнат со односи и подготвени и неподготвени, без разлика на вашите сфаќања и верувања, тоа се случува и ќе се случува и знак на љубов кон нив е да бидат целосно информирани и подготвени, за да знаат што ги очекува и кои се последиците од нивните дејствија. Иако повеќето сакаат да молчат за таа тема и да ја скријат како некое табу и срамота, тоа не спречува улицата и социјалните мрежи да им бидат учител и учебник во однос на сексот и љубовта.

Каква е таа љубов, ако не овозможи целосна и суштинска рамноправност на жените и мажите? Каква е таа љубов, кога не можете да поднесете постоење на поинакви и различни личности? Нели на црквата и се битни личности, нели не е битно кој што е, или која што е, или како се доживува себеси? Од каде ви е оваа потреба да осудувате? Чин на љубов е борбата сите човечки суштества да се еднакви, да имаат исти права, да не се гонети.

Каде ви е љубовта? До каде ви досега? Обидете се да не ја напуштите.


Текстот е личен став на Авторот. Преземено од Рацин.мк

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Васко ЛазаревскиПеттиот елементсвештеници

НАЈНОВО

Деветти „Марш за ангелите“ во Кочани: Полицијата и Обвинителството ни должат одговор, неселективна правда мора да има

June 7, 2025

МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

June 7, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Коко Гоф го освои Ролан Гарос за прв пат во кариерата

June 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците ќе ја задржат шминката како посмртна маска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје –Тетово: Почина 19-годишна девојка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога една телефонска линија е алка во синџирот на лицемерието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредените Ангела и Андреј во пожарот во Пулс што се лекуваа во Белград, се враќаат дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk