ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Џачка: Имам информации за спорадични случаи на обиди за асимилација на Македонците во Албанија од страна на Бугарија

March 27, 2023 15:45
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Речиси половина од дискусијата на денешната средба во Скопје меѓу министерот за надворешни работи Бујар Османи и албанската министерка за Европа и за надворешни работи Ољта Џачка бил посветен на обидите за тивка асимилација на Македонците во Албанија од страна на Бугарија.

Ова денеска на прес-конференција го изјави Османи, одговарајќи на новинарско прашање во врска со поплаките на Македонците во Албанија за бугарска асимилација и притисокот од Бугарија. Тој истакна дека е побаран став од Тирана, а според информациите на Џачка станува збор за спорадични случаи.

-Побаравме мислење, став од Република Албанија, меѓутоа информациите на министерката се дека досега таквите случаи се само спорадични, при што е направен обид за искористување на еден вакуум меѓу носење закон и подзаконски акт кој ќе се обидат да го адресираат. Во Министерството постои работна група која на дневна основа ги следи тие текови, предлага конкретни чекори, а наскоро исто и Владата ќе расправа на таа тема, информира Османи.

Тој напомена дека ги претставиле забелешките и информациите и побарале поддршка за Македонците во Република Албанија. – Јас ги посетив минатата година и направивме владин план за поддршка на Македонците таму. Тоа што е различно во Албанија, од истите слични обиди и во Северна Македонија и во други држави е што се инсистира во таа изјава за себедекларирање да се потврди и во локалните општински власти, што е еден нов момент на вклучување на државата во таквите изјаснувања, рече Османи.

Министерка Џачка на прашањате што прави албанската Влада околу тоа истакна дека станува збор за спорадични случаи.

-Имам информации за некои спорадични случаи кои ги разгледуваме, во тесна координација сме со институциите на Северна Македонија за да видиме што се тие, кој се самоопределил или колку е голем овој процес, но според досегашните сознанија не е голем. Секоја информација која ќе ја имаме во реално време брзо ќе ја споделиме со колегите од Северна Македонија, рече Џачка.

Таа додаде дека Албанија никогаш не замижала пред официјална Софија.

-Спротивно на тоа сме биле доста гласни, Албанија била доста гласна дека една членка на ЕУ не може да блокира процес на евроинтеграција на Албанија и на Северна Македонија преку историски основи или политички калкулации. Тоа значи дека ова е процес на меритократија, ние ги исполнуваме сите наши обврски, ги извршуваме домашните задачи. Мигот каде што сме денеска е нешто што има геостратешко значење, особено поради војната на Русија во Украина, што предизвика освестување кај Европа дека и е потребен многу поактивен пристап кон земјите од Западен Балкан. И во однос на тоа што се случува денеска со дијалогот Косово-Србија, кој има потенцијал да ја нормализира оваа состојба, но и со другите елементи кои ги спомнавме, со стаусот на кандидат за членство на Босна и Херцеговина, се на се зголемена е свесноста дека процесот на проширување е тесно поврзан со безбедноста и сигурноста не само на регионот, туку и на самата ЕУ, изјави Џачка.

Албанската министерка нагласи и дека денешниот настан има големо геостратешко значење.

-Доколку сме одговорни и свесни ние кои сме дел од овој процес за задачите и обврските, кои треба да ги исполниме, тогаш одговорни и свесни треба да бидат и земјите-членки на ЕУ. Спречувањето на овој процес не им штети само на нашите држави, туку и на просперитетот, стабилноста и сигурноста на самата Европска Унија, оцени Џачка.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: бугаријаМакедонијаМНРОљта ЏачкаОсмани
Next Post

До каде сте со љубовта, господо попови?

НАЈНОВО

Фото: ВИ

Трамп: Ќе се сретнам со Путин во Будимпешта за крај на војната во Украина

October 16, 2025

Шукова: Три итни приоритети за Скопје – отпадот, јавниот транспорт и загадувањето на воздухот

October 16, 2025

Ѓорѓиевски: Ветувам, на крајот на мојот мандат Вардариште ќе биде модерен парк

October 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја: Да ја победиш Барселона мора да си перфектен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руски одек на локалните избори: Мали партии со „големи пораки“ и тиха битка за јавното мислење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk