Денеска во Клуб на пратеници со почеток во 9:00 часот претседателот на Владата Димитар Ковачевски ќе се обрати на настан по повод почеток на Денови на НАТО во Северна Македонија, во организација на Министерството за надворешни работи, а со учество на дипломатскиот кор во земјата.
Настанот се одржува на три годишнината од членство на Северна Македонија во НАТО Алијансата, што е особено значајно за регионалната безбедност и стабилност, особено во контекст на актуелните безбедносни предизвици.