Во пукање во приватно христијанско училиште во Нешвил, Тенеси, убиени се пет лица, меѓу кои три деца, а повеќемина се повредени. Полицијата пристигнала на местото на инцидентот и го убила напаѓачот. По нападот, три деца биле пренесени во детската болница Монро Карел Јуниор во Вандербилт со прострелни рани, каде што била констатирана смрт, објавија американските медиуми.
Имаше пукање во училиштето Ковенант во Бартон Хилс. Напаѓачот е елиминиран од полицијата, објави полициската управа на Метро Нешвил на Твитер.
An active shooter event has taken place at Covenant School, Covenant Presbyterian Church, on Burton Hills Dr. The shooter was engaged by MNPD and is dead. Student reunification with parents is at Woodmont Baptist Church, 2100 Woodmont Blvd. pic.twitter.com/vO8p9cj3vx
— Metro Nashville PD (@MNPDNashville) March 27, 2023
Противпожарната служба на Нешвил објави на Твитер дека имало „повеќе пациенти“ во болниците како резултат на нападот.
Засега не се соопштени детали за нападот.
Приватното училиште Ковенант има околу 200 ученици од предучилишна возраст до шесто одделение, а е основано во 2001 година како дел од Презвитеријанската црква.
Г. Т.