ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Поднесена кривична против ресенчанец и скопјанец за недозволена трговија со културни добра

March 27, 2023 15:38
in ДЕНЕС, ХРОНИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културното наследство при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал денеска до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против ресенчанец и скопјанец за недозволена трговија со културни добра.

Против Г.А.(43) од Ресен е поднесена кривична пријава за „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“, „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ и „прикривање, додека против С.М.(35) од Ресен со престој во Скопје за сторено кривично дело „прикривање“.

Како што информираат денеска од МВР, во периодот од август до декември лани, Г.А. искористувајќи го намалувањето на водостојот на Преспанското Езеро, на археолошко наоѓалиште на плажа во селото Долно Перово, повеќепати со рачен алат и метал-детектори вршел ископување на археолошки предмети и монети, за кои бил свесен дека е можно да претставуваат културно наследство. Потоа, археолошките предмети ги пренесувал во својот дом и дополнително вршел нестручни конзерваторско-реставраторски процеси врз нелегално пронајдените и присвоените археолошки предмети и монети со цел да ги понуди на потенцијални купувачи, користејќи ја социјалната мрежа Фејсбук.

-Во август 2022 година, С.М. во село Долно Перово, остварил средба со Г.А., во чиј двор ги видел археолошките предмети, и иако бил свесен дека постои можност предметите да претставуваат културно наследство, одбрал два предмети и ги однел во својот дом, се наведува во соопштението од МВР.

Врз основа на издадена наредба од Судија на претходна постапка при Основиотн суд Битола, на 1 декември 2022 година извршен е претрес во домот и просториите кај Г.А., при што привремено се одземени бројни предмети во различни форми и големини, монети и други предмети поврзани со кривичното дело. При извршен службен разговор со него, тој ги појаснил околностите под кои дошол до археолошките предмети и монети и посочил дека дел од нелегално пронајдените и присвоените предмети ги дал на С.М..

Од МВР посочуваат дека истиот ден во полициската станица Центар бил повикан С.М., кој ги донел двата предмети и во разговорот со него го појаснил начинот на кој се стекнал со нив.

-Од страна на ОЈО Битола е издадена наредба за вршење на вештачење и стручна идентификација на одземените археолошки предмети, при што истата е доставена во НУ Археолошки музеј на Република Северна Македонија и од нивна страна е изготвен Извештај од стручно мислење дека предметите: три керамички садови, шест прстени, мамуза, камен точило, шест стрели, 10 ножеви, два крстови, 46 нитни, 34 брутови, 21 алка, две копчиња, 11 токи за појас, три токи за чевли и 111 различни метални предмети претставуваат културно наследство, а од страна на вешто лице е извршена стручна идентификација на нумизматичкиот материјал, при што е констатирано дека седум монети претставуваат културно наследство, се наведува во соопштението од МВР.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: културни добраМВРшверц

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 4, 2025

Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

July 4, 2025

Маск повторно го отвори прашањето за формирање на трета политичка партија во САД

July 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонски државјанин загина во сообраќајка во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Владата направи огромна грешка што го постави македонскиот јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе деца и младите да стапуваат во брак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk