„Пред три години Република Северна Македонија стана 30-та членка на НАТО, полноправна членка на најмоќниот воено-безбедносен сојуз на светот. При овој свечен настан, кога признанија и честитки за завршувањето на 30-годишниот пат на државата до полноправно членство во НАТО пристигнуваа од сите страни, само Христијан Мицкоски молчеше“, велат од СДСМ ппо повод три-годишнината од членството во НАТО.
„Само Мицкоски не аплаудираше, во Собранието при ратификацијата на Северноатлантскиот договор.
Не смогна сили ниту да се израдува на историскиот успех, за остварување на една од клучните стратешки цели на државата.
Мицкоски не само што не може да се помири со успесите на државата, туку уште попосветено работи против европската агенда.
СДСМ ја оствари стратешката цел за членство во НАТО и продолжува со реализирање на втората стратешка цел, членство во ЕУ“, истакнаа од Бихаќка.