ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бајрами: Еврото има длабоко влијание и надвор од границите на ЕУ

March 28, 2023 10:05
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

„Сѐ поголемата меѓународна улога на еврото, вклучувајќи го и неговиот голем придонес за поголема трговска и финансиска интеграција, се чувствува во еврозоната и Eвропската Унија, но и надвор од границите на ЕУ”, пишува вицегувернерот Фадил Бајрами во својот осврт за значењето на европската единствена валута во магазинот „Дипломатски летопис”.

Во текстот, вицегувернерот дава широк приказ од „раѓањето” на еврото до очекувањата за неговата иднина. Тој се осврнува и на проектот за дигиталното евро, којшто е стратегиски важен за еврозоната и има потенцијал да го зајакне финансискиот и монетарниот суверенитет и да го подобри функционирањето на еврозоната. Бајрами истакнува дека тоа ќе биде привлечно средство за плаќање коешто ќе ги поддржи иновациите во дигитализираната економија, ќе ја надополни готовината, но нема да ја замени.

„ЕУ и натаму работи на зајакнување на меѓународната улога на еврото и на нејзиното приспособување кон новите предизвици, вклучително и брзата дигитализација на економијата и развојот на виртуелните валути. Така што, во јули 2021 година, Управниот совет на ЕЦБ го потврди почнувањето на двегодишната фаза на истражување на проектот за дигиталното евро, којашто има за цел да ги испита можностите за издавање дигитално евро и да ги одговори клучните прашања: како би изгледало дигиталното евро; за што би се користело; и кога би било достапно. Врз основа на наодите од истражувањето, се очекува дека во 2023 година ќе се донесе одлука дали проектот ќе премине во фаза на спроведување. Доколку се донесе успешен заклучок и спроведувањето се одобри, ќе се донесе одлука за издавање дигитално евро што би било достапно за корисниците до крајот на 2025 година, или на почетокот на 2026 година”, пишува Бајрами.

Tags: БајрамиевроНБ
Next Post

Два автомобили изгореле во подземна гаража на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“

НАЈНОВО

ФОТО: ДУИ

Ахмети: Не изгубив на избори за да се повлечам, НАИ освои 159 советници а Вреди 122

October 24, 2025
ФОТО: Фејсбук Пивковски

И независниот кандидат за градоначалник на Могила се повлече од вториот круг во корист на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

October 24, 2025

Препораки и мерки од Министерството за здравство за актуелната состојба со сметот во Скопје

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk