ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Дезинформација е дека имало киднапер во средното музичко училиште во Скопје

Директорката на училиштето „Илија Николовски Луј“ изјавила дека станува збор за крадец кого сакале полесно да го фатат со помош на зелепената фотографија

March 28, 2023 13:14
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Текстот што се споделува на социјалните мрежи се повикува на  објава од профил на Фејсбук, којашто подоцна е избришана од самиот корисник кој призна дека споделил дезинформација. МВР ја демантираше  веста за наводен киднапер во средното музичко училиште во Скопје. „Ниту има пријава за такво лице до полицијата, ниту има пријава дека некое лице е киднапирано“, соопшти МВР, пишува „Вистиномер“ во својата анализа

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој е споделен текст со наслов:

„Се шири апел: Киднапер намамува деца во училиште со објаснување дека го пратиле родителите?!“

Во текстот се вели дека на социјалните мрежи почнала да се шири фотографија од човек која била закачена во училиште и имало апел ако некој го види да се јави во полиција. Потоа се споделува објава од профил на Фејсбук, во која пишува дека лицето на фотографијата е „киднапер на деца, кој им пристапува на помалите деца велејќи им дека е дојден за да ги однесе кај родителите кои го пратиле“.

Меѓутоа, веста за „киднапер“ кој намамува деца во средното музичко училиште „Илија Николовски Луј“, е дезинформација која предизвика многумина да почнат да го споделуваат апелот, да се закануваат кон лицето на фотографијата, а меѓу родителите се прошири паника и чувство за небезбедност на нивните деца.

Овој пост, иако постоеше на профил на социјалната мрежа Фејсбук, а го предизвика вниманието и на медиумите и на другите корисници кои го споделуваа апелот, подоцна беше избришан од самиот корисник кој призна дека споделил дезинформација.

Самата ситуација предизвика експресна реакција и од страна на Министерството за внатрешни работи кои демантираа дека лицето на фотографијата е киднапер и од училиштетo:

„МВР најостро ги демантира лажните вести кои денеска се проширија на социјалните мрежи во врска со наводен киднапер, кој наводно се движел околу средното музичко училиште во Скопје. Ниту има пријава за такво лице до полицијата, ниту има пријава дека некое лице е киднапирано. И лицето кое ја пласираше оваа лажна вест, ја повлече и јавно објави дека станува збор за лажна вест. Пласирањето на вакви лаги е со цел да предизвикаат паника, вознемиреност, постојано чувство на страв и несигурност кај граѓаните а за жал, зачестено се пласираат последниов период. Лицето кое ја пласираше оваа лага ќе биде повикано во полициска станица и до надлежното обвинителство ќе биде поднесен соодветен поднесок против него. Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на вакви лаги. Исто така им благодариме на медиумите кои не подлегнуваат на ваквите лажни вести и информациите ги проверуваат во надлежните институции“, велат од МВР .

Директорката на училиштето „Илија Николовски Луј“ за „Макфакс“ изјавила дека станува збор за крадец кого сакале полесно да го фатат со помош на зелепената фотографија.

Иако, медиумите се должни да објавуваат проверени информации, за жал во овој случај постот е пренесен без никаква дополнителна проверка. Од текстот не може да се добие впечаток дека е направен обид да се провери (дез)информацијата за наводниот киднапер. Социјалните мрежи може да бидат појдовна основа новинарите да вршат проверки на информациите, но не и да објавуваат вести без проверка.

Дополнително, темата на која се однесува дезинформацијата е исклучително сензитивна, бидејќи засега деца и се однесува на нивната безбедност во училиштата. Поради тоа и објавата во експресно време предизвика масовно споделување, паника, љубопитство што допринесе дезинформацијата да биде пренесена до голем број на луѓе и да стане многу вирална.

Поради сите горенаведени факти, постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: дезинформацијаКиднапер

НАЈНОВО

Гувернерот на Банката на Франција со капче „Да ја направиме Европа повторно голема“

July 5, 2025
Скриншот

Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

July 5, 2025
Фотомонтажа: Коалиција Маргини

Коалиција Маргини: Репродукција или казна – Како власта ни ја дисциплинира иднината

July 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонски државјанин загина во сообраќајка во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Владата направи огромна грешка што го постави македонскиот јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk