ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Општина Карпош започна акција за субвенционирање на млади кои сакаат да полагаат за возачка дозвола

March 28, 2023 08:23
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА

Со вкупен буџет од 5.000.000 денари, Општина Карпош преку Секторот за развој од денеска започна акција за субвенционирање на младите жители на локалната самоуправа кои сакаат да полагаат за возачка дозвола (Б категорија), при што целосно ќе ги покрие трошоците за обука од теоретскиот и стручниот дел од испитот. Јавниот повик за субвенционирање ќе трае до исцрпување на средствата за оваа намена и ќе функционира по принципот „Прв дојден, прв услужен“. Право на пријавување имаат сите заинтересирани физички лица кои се жители на Општина Карпош и ги исполнуваат следниве критериуми:

  1. Секое лице кое ќе поднесе барање за субвенционирање за полагање на стручен дел за возачка дозвола мора да е жител на Општина Карпош минимум три (3) години до денот на поднесување на барањето.
  2. Ќе се субвенционираат млади лица кои во 2023 година ќе наполнат 18 години, односно право на поднесување имаат сите млади лица кои во 2023 веќе имаат наполнето 18 години, вклучително и оние кои сѐ уште не наполниле 18 години, а се родени во 2005 година.
  3. Ќе се субвенционираат само оние лица кои ќе извршат уплата и ќе посетат обука за теоретски и практичен дел за полагање на возачки испит за Б категорија, во авто школи кои се избрани преку Јавен повик со Одлука бр.11-1172/7 од 21.03.2023 година. Избрани авто школи се следните:
  • Друштво за сообраќајна едукација АВТО ШКОЛА СМАРТ ДООЕЛ Скопје;
  • Друштво за спроведување оспособување на кандидати за возачи АВТО ШКОЛА МОБИЛИТИ ПЛУС ДООЕЛ Скопје;
  • Друштво за туризам, транспорт и услуги БОБИЕМ ДООЕЛ Скопје;
  • Друштво за сообраќај и услуги СИГУРНОСТ ГТБ ДООЕЛ Скопје;
  • Друштво за сообраќај, промет и обука на возачи СОФИ СКУЛ ДООЕЛ Скопје;
  • Друштво за промет, услуги и сообраќајно воспитување ТРИМОСКИ ДООЕЛ Скопје;
  • Друштво за сообрќајно воспитување ШКОРПИОН ЕДУКАЦИЈА Скопје;
  • Друштво за промет на мало и големо и обука на возачи АВТОМАК ГОЦЕ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје;
  1. Ќе се субвенционираат само оние лица кои ги исполнуваат горенаведените критериуми и уплатиле во авто школите на денот или по денот на објавување на Јавниот повик (28.03.2023).

Општина Карпош ќе покрие 100% од износот кои се наплатува за посетување на обуки за теоретски и практичен дел за полагање на возачка дозвола Б категорија.  Во случајов, истиот износ е утврден како  минимална цена за обука во Правилникот за минимална цена, за оспособување на возачи во авто школа за следење на обуки од теоретскиот и практичниот дел на кандидатите за возачи за Б категорија, согласно минималните пресметани елементи на вредност.

Оттука, поднесувањето на потребната документација ќе се одвива во две фази или поточно:

Прва фаза:

  1. Поднесување на Барање за издавање на Потврда за исполнување на услови за субвенционирање (се подигнува во архива на ул. Радика бр. 9 барака 2 или на веб страницата на општината) со Изјава за согласност за обработка на лични податоци, при што треба да се приложи и:
  • Копија од лична карта како доказ за жителство и година на раѓање,
  • Копија на лична карта од двајцата родители како доказ дека живеат минимум три (3) години во општина Карпош.

Втора фаза: 

  1. Барање за субвенционирање за поврат на 100% од вкупниот износ  за теоретска и практична обука (по добивање на потврда за исполнување на критериуми)
  • Потврда за исполнување на критериуми издадена од Општина
    Карпош,
  • Оригинална фискална сметка за извршена уплата за теоретска и практична обука во автошколата,
  • Копија од трансакциска сметка

По поднесувањето на документацијата, апликантите ќе бидат известени во писмена форма, дали ќе бидат корисници на средствата за субвенции за посетување на обуки за теоретски и практичен дел, за полагање на возачка дозвола (Б категорија) од Општина Карпош. Правото на субвенција е еднократно

Tags: Возачка дозволаОпштина Карпошсубвенции
Next Post
Илустрација полиција

Посебен сообраќаен режим во Скопје

НАЈНОВО

Граѓаните турнати во сиромаштија – инфлацијата руши рекорди, платите стагнираат

August 27, 2025
генерирано со ВИ

Почнува Европското првенство во кошарка 2025

August 27, 2025

ВМРО-ДПМНЕ добива своја „послушна“ банка, Србија – ново средство за влијание

August 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Режимот во Мициленд за само неколку дена испорача две опасни тези

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Адвокатот Жарко Стеваноски за одлуката на ОЈО Битола: Изборен Законик – тоалетна хартија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Побогат од било кога: Како Трамп заработува од Белата куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk