ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Со стари и неповрзани фотографии се манипулира дека Господ го казнил Бразил поради карневалот

March 28, 2023 21:56
in ZOOM IN, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Објава на Фесјбук тврди дека во февруари се одржал карневал во Бразил на којшто бил исмеван Исус Христос и дека поради тоа се случиле некои природни катастрофи. Оваа е чиста невистина, објави Вистиномер.

Во Бразил, на 19 февруари се одржа карневал, каде беше исмеван Господ Исус Христос како е победен и истеран од тронот и на негово место поставен Сатаната. Но, по неколку часа ги стигнал Божјиот гнев…
Преземено од напис на бразилски жител, пишува во постот.

Во самиот пост се тврди дека Господ го казнил Бразил со природна непогода затоа што неколку дена претходно на карневалот бил исмеван Господ Исус Христос. Како поткрепа на оваа заговорничко сценарио се прикачени 10 различни фотографии, кои треба да претставуваат наводен доказ дека трагедиите и уништувањето што се случиле, се поврзани со „сатански претстави“ кои биле прикажани на карневалот во Бразил на 19 февруари.

Нашата проверка покажа дека во постот, всушност, е прикажан колаж од неколку фотографии преземени од интернет, со кои измамуваат читателите да поверуваат во нешто што не е вистина. Фотографиите се направени пред неколку години, во различни временски периоди, а  исто така, сите не се од Бразил.

Фотографиите закачени на објавата немаат никаква врска една со друга, ниту пак, се случиле во иста година како и карневалот.

Првата фотографија е всушност од парада којашто се случила во бразилскиот град Сао Паоло пред четири години односно во 2019 година, а не во февруари оваа година. Од истиот карневал е и втората фотографија.

На третата фотографија којашто и самата е колаж од неколку фотографии, најголемата фотографија од десна страна воопшто не е снимена во Бразил. Станува збор за фотографија снимена пред цели 10 години, на карневал во Мадрид, Шпанија.

Четвртата фотографија каде што се гледа бура од прашина, исто така, не е снимена ниту во Бразил, ниту оваа година. Станува збор за бура што се случила во 2019 година во Милдура, град во Австралија.

Фотографијата (петтата по ред) на којашто е прикажан голем облак од црвена прашина е снимена во 2021 година, во Сао Паоло во Бразил. Овој облак се случил бидејќи била насобрана голема количина прашина поради долг временски период без дожд. И следните, шеста фотографија и седма фотографија се од таа бура од прашина во Сао Паоло.

Осмата фотографија е од пред две години, снимена за време на поплавите предизвикани од излеаната река Кахоеира во Итабуна, државата Баија во Бразил на 26 декември 2021 година.

Деветтата фотографија од објавата  што ја рецензираме е снимена за време на големи поплави во Бразил, предизвикани од обилни врнежи на дожд во декември 2022 година, при што загинале неколку лица.

Последната фотографија е направена во Бразил во февруари оваа година, при поплави од поројни дождови, каде десетици луѓе загинале во неколку градови во северниот дел на државата Сао Паоло.

Значи, фотографиите од карневалите кои се прикажани на објавата не се од оваа година, ниту пак, се од иста година, а некои не се ни од Бразил. Истото се однесува и на фотографиите коишто се од временски непогоди – и тие не се неодамнешни, а некои не се ни од Бразил. Затоа, оваа објава којашто тврди дека временските непогоди се поврзани со карневалот во Бразил,  ја оценуваме како невистина.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: БразилВистиномеркарневаллажни фотографии

НАЈНОВО

Димитар Николовски

Николовски: Бугарија нема да прифати резолуција без контра-понуда

July 25, 2025
Скриншот

Новиот филм за Спајдермен нема да има апокалиптични сцени

July 25, 2025

БМВ ги задржува своите моќни мотори и покрај строгите Еуро 7 регулативи

July 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Поранешниот украински врховен командант Залужни предупредува дека војната со Русија може да трае до 2034 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Патриотизам за домашна употреба: Резолуцијата што ѝ штети на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистеријата на рачните чанти: Антички симбол или трага од изгубено знаење?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од недела пад на температурите со локален пороен дожд и ветер

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk