Вечерва во 19 часот во главниот град и во Битола ќе се одржат протести поради смртта на шестгодишната Јана.
Граѓаните ќе излезат во 19 часот на плоштадот Магнолија со мото „Сите сме Јана“ и „Правда за Јана“ во градот на Конзулите, додека во Скопје ќе се протестира во истото време пред Министерството за здравство.
Организаторите велат дека целта е да се укаже на состојбите во македонското здравство.
Јана почина на 22 март откако прими инфузија во Клиничката болница во Битола. Според исказот на родителите, шеќерот потоа ѝ се покачил од 9 на 19 единици и ситуацијата се искомплицирала.