ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Со план за канализација на општините не се отвораат преговорите со ЕУ

March 29, 2023 10:43
in PMD, ДЕНЕС, ФРОНТ

Пишува: ЉУБИША НИКОЛОВСКИ

Да е Христијан Мицкоски обичен човек, тогаш неговите реакции кон уставните измени можеби се разбирливи, иако не и оправдани. Имено обичните граѓани во недостиг на доволно информации, имаат право да подлегнуваат на емоции и да реагираат бурно на одредени неправди, за кои сметаат дека меѓународната заедница или соседна Бугарија им ги прави ним и на нивната татковина Македонија.

Но Христијан Мицкоски никако не е обичен граѓанин. Тој е политичар кој претендира да биде премиер и да ја води оваа држава и сите граѓани во неа во вистинската насока, на најдобар можен начин.

Од досега кажаното, бидејќи друго не прави последниве години, не покажува капацитет дека ги разбира меѓународните односи. Дополнително и очигледно е дека нема кој околу него правилно да го советува и да му ги појасни правилата кои важат во високата политика во рамки на новите геостратешки движења и сферите на интерес на големите сили. А нема, бидејќи оние кои беа задолежни за надворешната политика од страна на неговиот претходник, имаа само една задача- ништо да не прават што може да резултира со решение за државата од кое партијата и тој лично ќе имаат штета. Така, дестина години дипломатијата, наместо кон надвор беше свртена внатре за во јавниот дискурс да покажува непоколбеливост и одбојност кон сè што доаѓаше од страна на меѓународната јавност.

Затоа и Мицкоски сега покажува „тврдоќа“ и непопустливост на притисоците под кои е изложен, заради одбивање неговите пратеници да ги изгласаат уставните измени до степен на аргонација.

Имено тој на некој начин речиси ги избрка странските дипломати, оние кои сега го водат процесот на преговори, со пораката да му ја мислат ако продолжат да доаѓаат да се сликаат и позираат со претставниците на оваа Влада, затоа што тие биле длабоко  вовлечени во криминал и корупција, па на тој начин безмалку ќе бидат соучесници и ќе си направат проблем.

Станува јасно дека Мицкоски не само што нема намера да гласа уставни измени, туку се дистанцира во целост од сегашниот преговарачки процес.

Имено тој најавува свој, како што вели креативен план кој ќе се темелел на три столба: национален, политички и економски. Иако не го образложи целосно, сепак посочи неколку поенти.

Како прво и основно, пред сѐ и над сѐ, во планот е барањето предвремени парламентарни избори. Тоа оттаму што сегашниве претставници на власта „немале веќе кредибилитет“ да ја водат државата и да преговараат! Но, како Мицкоски им го одзема кредибилитетот на оние кога тие тој си го стекнаа на легитимни парламентарни избори, а неговиот се темели на само две, три анкети направени за потребите на партијата.

Освен барањето предвремени избори, еден од суштинските елементи на „планот“ е градење канализациони системи низ општините, со што на граѓаните ќе им ја доближел Европската Унија што се вели, до газот.

Не дека тоа не им е потребно на граѓаните на локално ниво, но тоа ни оддалеку не значи дека ако ги затвориме септичките јами Европа ќе ја донесеме дома, а уште помалку дека со канализациите ќе влеземе во ЕУ, или дека ќе ги почнеме преговорите за членство. Или, како што веќе слушаме од некои интелектуалци, тогаш ТИЕ од Брисел ќе не молат да не примат во ЕУ!

Ако тоа навистина го мислат во оваа партија, тогаш оваа синтагма на Мицковски „Јас имам план“ ја надминува и прочуената изрека на Мартин Лутер Кинг „I have a dream…“

Вака изложен планот на Мицкоски межеби е добар за изборна кампања, но тешко дека со него ќе остави трага во историјата, нешто што самиот признава дека го посакува.

Уште два аспекта од неговиот план заслужуваат анализа.

Како прво тој планира да им го изложи на странските дипломати во Брисел, ултимативно. Ако не го прифатат, тој „нема намера да прифати уставни измен под овие услови“.

„Дали тоа ќе значи сопирање на процесот или барање план Б, тоа не зависи од мене. Тоа зависи од тие таму кои доаѓаат овде“, вели Мицкоски.

Веројатно како реакција на одбивањето на планот, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ како последна  можност го споменува и раскинувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија.

Ок, но што потоа?

Се чини толку од „брзата лента“ за членство на Македонија во ЕУ за која до неодамна зброруваше Мицкоски.

Ставовите се на Авторот. Преземено од Рацин.мк
Tags: НиколовскиФРОНТ
Next Post

Во регионот поскапуваат струјата и гасот, кај нас цените остануваат исти со најава за враќање на ефтината тарифа

НАЈНОВО

Скриншот

(ВИДЕО) Медведев парично казнет за инцидентот на УС Опен

August 28, 2025

Брисел со остра осуда на рускиот напад врз Кијив во кој беше погодена делегацијата на ЕУ

August 28, 2025
Генерирано со ВИ

Трамп сака да го ограничи времетраењето на визите за странски новинари и студенти

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Триатлонецот Јован Кутаноски утре ќе плива од Струга до Радожда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk