ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Ангеловска-Бежоска: За повисок економски раст, потребна е поголема вклученост на жените во економијата

March 30, 2023 12:13
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Според емпириските истражувања, поголемата вклученост на жените во економијата значи повисок економски раст. Кај развиените економии, вклученоста на жените може да го забрза растот за 10%, додека кај помалку развиените, дури за 30%. Сепак, широкиот јаз помеѓу мажите и жените на пазарот на труд, според вклученоста и валоризацијата, сѐ уште е глобален проблем, кој уште повеќе се продлабочи по пандемијата. Слична е состојбата и во македонската економија. Народната банка е еден од позитивните примери во општеството, каде што учеството на жените на раководни позиции изнесува 70%. Ова беа дел пораките на гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска, која се обрати на панел-дискусијата „Жените инспирираат”, во рамки на програмата организирана во чест на првите дами на Австрија и на Република Северна Македонија.

Говорејќи за родовата нееднаквост во светски рамки, гувернерката Ангеловска-Бежоска истакна дека кризните епизоди со кои се соочивме изминатите неколку години диспропорционално повеќе ги погодија жените од мажите. „Ова јасно се согледува преку фактот дека само во првата пандемична година, околу 54 милиони жени во светот излегоа од пазарот на трудот, а се проценува дека 90% од нив, на трајна основа. Со тоа стапката на активност на жените се намали на 47%, така што уште повеќе се продлабочи разликата со стапката на активност на мажите, која е над 70%. Ова значи дека само помалку од половина од работоспособното женско население работи или бара работа, односно е ставено во функција на раст на економиите”, посочува гувернерката.

Понатаму во својата дискусија, гувернерката се осврна на македонската економија, која исто така се соочува со предизвици поврзани со родовата нееднаквост. Само околу 45% од жените се активни на пазарот на трудот, а присутна е и сегрегација кај раководните позиции со значително помала застапеност на жените, што доведува и до јаз во платите.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска вели дека општеството има и повеќе добри примери. Во овој контекст, истакна дека угледната британска експертска група ОМФИФ, чиј индекс го мери учеството на жените во раководните тела на институцијата, ја рангира Народната банка како прва во светот во централнобанкарската заедница според родова еднаквост.

На панел-дискусијата модерирана од директорката на Националната галерија на Македонија, Дита Старова Ќерими, покрај гувернерката и првите дами, Елизабета Ѓорѓиевска и Дорис Шмидауер, учествуваа и успешни жени од земјава, претставнички од областа на политиката, деловниот и граѓанскиот сектор, културата и од други области, на која се презентираа нивните досегашни постигнувања.

Tags: Ангеловска-БежоскаНародна банка
Next Post
Универзална сала/Фото: Градска,мк/Архива

Јанчева: Проектот за Универзална е закочен, без разлика дали станува збор за лични хирови на Арсовска или Мицкоски

Shortcut

Најново

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан – Белград и Сараево одложени по изборите

September 18, 2026

Филипче: Намалена воената помош од САД, поради криминалната власт, Македонија ја губи довербата

September 18, 2026

Пријави за стаорци во Буњаковец, од општина Центар велат дека направиле сѐ што треба

September 18, 2026

„Амазон веб сервисис“ планира дата-центар кај Кожани, Грција

September 18, 2026

САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

September 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk