ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНФО ПИТ

ФЕИТ отвори Фаб Лаб – нов простор каде студентите ќе работат на реални проекти

March 30, 2023 09:57
in ДЕНЕС, ИНФО ПИТ
Share on FacebookShare on Twitter

Стартува со работа лабораторијата за производство „ФЕИТ ФабЛаб“ при Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ). Новиот простор што треба да им овозможи на студентите работа на реални проекти ползувајќи ги можностите на дигитализацијата во производните процеси, е отворен и за приватниот сектор, како и за млади  креативци и иноватори кои тука ќе имаат можност да ги реализираат своите идеи.

На официјалното отворање на „ФЕИТ ФабЛаб“, која е реализирана со поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) присуствуваа и директорот на ФИТР Фестим Халили и проректорот  за финансии, инвестиции и развој проф. д-р Биљана Ангелова. Деканот на ФЕИТ Димитар Ташковски објасни дека „ФЕИТ ФабЛаб“ ќе ги обедини на едно место сите досегашни работилници и школи на ФЕИТ, како и работилниците за вградливи микрокомпјутерски системи, Робомак, Технологија за тебе и програмата INNO-SAE во соработка со Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ.

„Лабораторијата за производство ‘ФЕИТ ФабЛаб’ е уште еден чекор кон трансформација на ФЕИТ во истражувачка и претприемнички ориентирана високо образовна институција подготвена за предизвиците на новото време. ФЕИТ посветува посебно внимание на развојот и квалитетот на своите студенти, а со ‘ФЕИТ ФабЛаб’ се отвора и за поголем круг на млади луѓе кои можат своите идеи за иновации да ги реализираат кај нас. Благодарејќи на ФИТР, ‘ФЕИТ ФабЛаб’ поседува најсовремена опрема за експериментирање и прототипизирање на иновативни идеи, а ФЕИТ инвестираше во адаптација на современ простор согласно бараните меѓународни стандарди за ФабЛаб“, рече деканот на Факултетот за електротехника и информациски технологии Димитар Ташковски.

Деканот Ташковски дополни дека очекува нововоспоставената „ФЕИТ ФабЛаб“ да придонесе за подигнување на нивото на активностите на факултетот, отворање на нивните простории за млади и заинтересирани луѓе да работат на иновативни идеи како и поддршка на целокупниот процес на економски развој во државата.

Според директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Фестим Халили идејата е преку кофинансирање на проектите за отворање на ФабЛаб лаборатории за производство да се обезбеди за младите и средношколците пристап до современи технологии.

„Фондот за иновации и технолошки развој за прв пат реализираше еден поинаков предизвик, насловен како “Предизвик за воспоставување на лаборатории за производство FAB LABS – Младите создаваат”, со што почнавме да вложуваме во развојот на националната иновациска инфраструктура.  Со овој тип на вложувања, ФИТР значително придонесува кон воспоставување на четворниот хеликс систем кој подразбира блиска соработка помеѓу академската заедница, индустријата, граѓанскиот сектор и јавниот сектор. Навистина сум горд што со отворањето на ‘ФЕИТ Фаб Лаб’, им даваме шанса на сите млади ентузијасти да ги унапредат своите вештини и потенцијал, директно да учествуваат во научно истражувачката дејност и да влијаат на развојот на нивната кариера и нашето општество”, изјави Фестим Халили, директор на Фонд за иновации и технолошки развој

Проректорката за финансии, инвестиции и развој при УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова потенцираше дека вмрежувањето во системот на истражувачките лаборатории е начинот за една ФабЛаб да ја реализира својата мисија и да обезбеди пристап до интернационалното опкружување со иноватори. Овие лаборатории се простор каде соработуваат млади иноватори и креативци со приватниот сектор, високо – образовните и научни установи, претпријатија и граѓански здруженија.

„Мултидисциплинарниот тим на ФЕИТ што работи на овој проект ќе допринесе за студентите, инженерите, младите иноватори и креативци на еден поинаков начин да ги развијат своите идеи, затоа што идејата за ФабЛАб е да овозможи отворен пристап до иновации и технологија, дигитализирани производни процеси за сите оние со креативни идеи. Во светот функционираат над 1800 ФабЛаб лаборатории. Верувам дека наскоро и нашиот ‘ФЕИТ ФабЛаб’ ќе се умрежи во системот на истражувачки лаборатории во опкружувањето“, потенцираше проректорката за финансии, инвестиции и развој при УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова.

„ФЕИТ ФабЛаб“  нуди основни и напредни курсеви и менторство во повеќе области како што се: моделирање за 3Д печатење и работа со 3Д печатач, практична електроника и вградливи микрокомпјутерски системи, слободен и отворен софтвер и други. Приходите кои лабораторијата, која ќе биде достапна и за приватниот сектор како one-stop-shop за свои сопствени развојни и истражувачки потреби, ќе се користат за понатамошниот развој и обезбедување на одржливост на лабораторијата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: УКИМФаб ЛабФЕИТ

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

May 18, 2025
Фото: СДА МАкедонија

СДА Македонија ја организираше меѓународната конференција „Сребреница – Совест на светот“

May 17, 2025
Војаџер 1. Фото:  Caltech/NASA-JPL

(ВИДЕО) НАСА успеа „да ги оживее“ резервните двигатели на „Војаџер 1“ по 21 година

May 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тетовец зел 25.000 евра пари со камата, му одзеле два стана во вредност од 150.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Евровизија 2025: Сè е подготвено за вечерва во Базел! Кои се фаворити?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кои се трите главни услови што Русите ги побарале за прекин на агресијата врз Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk