„Во нормална држава, државата ќе отвори предмет против Ковачки и други (Мицко и останати)., за оддавање државни тајни, тајни од областа на одбраната и сл. Во САД за вакви предавства следува смртна казна, кај нас доживотен затвор! Не знам што чека уште Славјанка Петровска?!“, вели во објава на Твитер Гоце од Прилеп.
Во нормална држава, ДРЖАВАТА ќе отвори предмет против Ковачки и други(Мицко и останати)., за оддавање државни тајни, тајни од областа на одбраната и сл.
Во САД за вакви предавства следува СМРТНА КАЗНА, кај нас ДОЖИВОТЕН ЗТВОР!
Не знам што @SlavjankaPetrov чека уште?!
— GoceOdPrilep (@GoceOdPrilep) March 29, 2023
Дел од обвинувањата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки кон министерката за одбрана Славјанка Петровска, но и институцијата што таа ја предводи беа демантирани и оценети како лага и невистина, за дел се истражува дали се основани, а за најмалку две обвинувања министерката Петровска правдата ќе ја бара на суд поради изнесена лага и клевета од страна на пратеникот Ковачки.