ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Националниот парк Шар Планина доби план за управување, ќе биде основа за надминување повеќе предизвици

March 31, 2023 10:24
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Националниот парк Шар Планина состави План за управување со заштитеното планинско подрачје во периодот од 2022 до 2031 година, кој оваа недела беше одобрен од Управниот одбор по добиена согласност од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Овој план дефинира повеќе аспекти кои, според вработените, ќе придонесат за развој на националниот парк за кои како установа ќе имаат и повеќе надлежности.

– Планот инаку произлегува од законот за заштита на природа и од законот за прогласување на Шар Планина за заштитено подрачје и во оваа фаза, за нас има тежина на законот затоа што ќе регулира, ќе ни помогне да регулираме и спроведуваме многу активности во иднина. Сите институции да бидат свесни дека со овој документ јавната установа национален парк Шар планина е потполно подготвена да ги преземе сите ингеренциии. Тие имаат обврска да побараат мислење од институцијата Национален парк. Значи, да се отвори пат, да се интервенира на канал, да се даде градежна дозвола. За секоја интервенција која што се однесува на територија на Шар планина, изјави Анела Ставревска Панајотова, раководител во одделението за заштита на природата.

Самиот план содржи табела на дозволени и забранети активности по зони, штој е објавен на интернет страницата на јавната установа. Ќе следат одредени ограничувања што се однесуваат на многу активности што се на сметка на природата, како што е двжењето на моторните возила, градењето, односно неможност за градење според зоната итн.

Еден од најголемите предизвиците во наредиот пролетен и летен период за вработените во паркот ќе биде спречувањето на палењето огнови на отворено на територија на паркот, нешто што во изминатиот период беше чест проблем поради појава на големи шумски пожари.

– Контролата и справувањето со пожарите е во ингеренции на националниот парк. Така да имаме голем предизвик. Се надеваме дека ќе се доекипираме со опрема.За да можеме да интервенираме соодветно и со одреден број на луѓе. Нормално тоа треба да е проследено и со кампања за подигање на свеста кај локалното население, да престане таа практика да се палат меѓите, да се чисти отпадот со палење, изјави Анела Ставревска Панајотова, раководител во одделението за заштита на природата.

Чуварската служба на Паркот во заштитеното подрачје има надлежност во однос на пишување мандатни казни. За различни прекршоци, различни се казните и тоа е дефинирано според повеќе закони, како законот за шуми, законот за природа и други.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Шар Планина
Next Post

Приведен дилер од Куманово, при претрес пронајдена дрога

НАЈНОВО

Деби гол на Миовски во ремито на Ренџерс со Фалкирк

October 5, 2025

Расел ја освои ГН на Сингапур во Ф1, Мекларен ја одбрани титулата во конструктори

October 5, 2025

Скандал во Албанија: Онколошките пациенти добиваат лекови со истечен рок и фалсификати

October 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ

    Николоски: Филипче нашол еден договор во Железница на цели 45 илјади евра, а сумата не ја кажува, затоа што Венко таа сума за јахтата ја троши за отприлика 3 до 5 дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали сега Мицкоски ќе се прогласи за епски криминалец откако склучи договор со ИРД инженеринг?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 5 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јупитер и Сатурн – чуварите на светови полни со мистерии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Решена мистеријата на „светилките во мочуриштата“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk