ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Владејачкото мнозинство во Прилеп со одлука побара издавање обврзници од 5 милиони евра, опозицијата остро се противи

March 31, 2023 08:23
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Прилепскиот совет ја донесе одлуката да се издаде општинска обврзница со што Прилеп се задолжува за 5 милиона евра. Мнозинството советници на вчерашната целодневна седница ја донесе одлуката да почне постапката за издавање општинска обврзница.

Како што објаснува претседателот на Советот Дејан Проданоски, почнува постапката низ сите институции да се проследи информацијата за солвентноста на буџетот на Општината.

-Ќе побараме емисија на општински обврзници во висина од 5 милиона евра. За оваа сума се предвидени да се изработат три клучни проекти, оние кои како владејачко мнозинство ги најавивме со предизборната програма. Сметаме дека ова е единствениот извор на финансирање да се изведат проектите, изјави по седницата Проданоски.

Станува збор за проектите за изведба на кружен тек на мостот на Градската река кај Табаана, за пробивање на улицата „Победа“ како важна поврзувачка артерија на два дела од градот и за уредувањето на влезот во Прилеп од кај Македонски Брод. Советот ѝ даде зелено светло на општинската администрација да ја подготви сета придружна документација согласно со законот за давање вакви обврзници.

-Тоа се околу 17 точки кои треба да бидат исполнети и по извесен период очекуваме Владата да донесе одлука за издавање вакви обврзници или хартии од вредност кои би биле пуштени на пазарот за хартии од вредност. Процесот би одел најмалку 5-6 месеци. По одобрувањето, имаме грејс период од седум години кога ќе се плаќа само каматата за потоа да се плати главниот долг од 5 милиона евра, вели Проданоски.

Советниците од опозициската СДСМ остро се спротивставија на одлуката и поведоа долга расправа, нагласувајќи дека е крајно неодговорно и лудо што граѓаните долгорочно се задолжуваат.

-Уште од првичната најава на градоначалникот Борче Јовчески за издавање на обврзница, ставот на советничката група на СДСМ и коалицијата беше јасен и принципиелен: издавањето на обврзница од 5 милиони евра, која заедно со каматите ќе ја достигне сумата од 7,5 милиони евра, е крајна неодговорност и лудост. За изградба на инфраструктурни објекти од типот на кружни текови и улици, општината треба да изработи проекти со кои ќе аплицира во домашни и странски институции и фондови. Факт е дека Јовчески не го направи тоа и дека својата неспособност сака да ја прикрие со огромно финансиско задолжување на грбот на прилепчани, нагласи Моника Грашеска Илиеска, координаторка на советничката група од СДСМ.

Претседателот на Советот и претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Проеданоски, рече дека сегашната опозициска СДСМ, а пред година и половина на власт, ја оставила локалната самоуправа во сериозно незавидна финансиска состојба со долгови од 292 милиона денари.

-Сметаме дека сега, со очекувани финансиски приливи во општинскиот буџет ќе се поправи финансиската состојба. Има можности во наредниот период издавање нови концесии за експлоатација на минерални суровини и ќе се слеат средства во општинската каса, па доколку дозволи Министерството за финансии издавање општински обврзници, може да се скрати рокот на сервисирање на задолжувањето, вели Проданоски.

Од опозиционата СДСМ информираат дека преку разни форми ќе продолжат да укажуваат на штетноста која градот и граѓаните ќе ја имаат од милионското задолжување, со надеж, како што се вели во нивното соопштение, дека градоначалникот Јовчески и ВМРО-ДПМНЕ ќе се вразумат и ќе се откажат од нивната намера.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: обврзницаПрилеп
Next Post
Фото: Фронтлајн

Посебен режим на сообраќај во Скопје

НАЈНОВО

Деби гол на Миовски во ремито на Ренџерс со Фалкирк

October 5, 2025

Расел ја освои ГН на Сингапур во Ф1, Мекларен ја одбрани титулата во конструктори

October 5, 2025

Скандал во Албанија: Онколошките пациенти добиваат лекови со истечен рок и фалсификати

October 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ

    Николоски: Филипче нашол еден договор во Железница на цели 45 илјади евра, а сумата не ја кажува, затоа што Венко таа сума за јахтата ја троши за отприлика 3 до 5 дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали сега Мицкоски ќе се прогласи за епски криминалец откако склучи договор со ИРД инженеринг?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 5 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јупитер и Сатурн – чуварите на светови полни со мистерии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Решена мистеријата на „светилките во мочуриштата“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk