ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Вучиќ и Пендаровски на дното според платите во регионот

April 1, 2023 22:36
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

На српскиот претседател Александар Вучиќ во јануари му беше зголемена платата и тој сега добива 199.000 динари месечно, што изнесува 1.700 евра. Со разлика од 200 евра во однос на примањата на македонскиот шеф на државата Стево Пендаровски (93.000 денари или 1.512 евра) тие двајца се на дното на платите што ги примаат претседателите во регионот.

И во двата случаја треба посебно да се раздели што е основната плата, а што додатокот за работен стаж, кој кај Пендаровски изнесува 32 години и во оваа сума од 93.000 денари сигурно околу десетина илјади се поради работното искуство.

Со одлуката на Уставниот суд, ако не се променат надолу коефициентите, Пендаровски ќе треба да добива плата од 144.000 денари, што е околу 2.340 евра, па тој ќе влезе во групата на претседатели од регионот што имаат поголеми плати. Србија во јануари одлучи да им ги зголеми платите на функционерите кои примањата ги добиваат од буџетот за 12,5 отсто.

Платите на колегите на Вучиќ и Пендаровски во регионот се многу поголеми од нивните. Претседателката на Словенија Наташа Пирц-Мусар, има плата од 3.300 евра месечно. Председателот на Хрватскa, Зоран Милановиќ, за функцијата што ја извршува е платен 3.500 евра.

Веднаш зад нив се тројцата членови на Претседателството на Босна и Херцеговина: Денис Беќировиќ, Жељка Цвијановиќ и Жељко Комшиќ на своите позиции заработуваат по 2.922 евра месечно. Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ кого утре го чека вториот решавачки круг од изборите, има плата е 2.420 евра.

Поголема плата од Вучиќ и сегашната на Пендаровски зема и претседателот на Албанија, Бајрам Бегај – 2.208 евра.

Платата на косовската претседателка Вјоса Османи по последното зголемување изнесува 2.160 евра, додека на премиерот Албин Курти 2.040. Нивните примања се зголемија за околу 500 евра по последното зголемување лани во декември.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ има помала плата од претседателот Зоран Милановиќ – неговите месечни примања се 3.109 евра. Платите на хрватските министри се од 2.200 евра нагоре.

Словенечките министѕри се најдобро платени. Премиерот Роберт Голоб добива поголема плата од претседателката на државата – 3.926 евра, додека примањата на министрите се околу 3.500 евра.

Но интересно е што многу други функционери во Србија имаат поголеми плати од онаа на Вучиќ. Така, директорот на српската пошта има плата од 1.900 евра, народниот правобранител 3.400, директорот за Институтот за статистика 3.740, а гувернерката на Народната банка, Јоргованка Табаковиќ дури 5.100 евра.

Платите на српските министри се помали – премиерката Ана Брнабиќ зема 1.230 евра. Примањата на министрите се незначително пониски од нејзините. „Најсиромашна“ е Дарија Кисиќ-Тепавчевиќ, која како министерка за семејна грижа и демографија добива нула евра месечно, откако реши да не зема плата за работата во Владата на Србија. Но таа како професор на медицинските факултети во Белград и Косовска Митровица, како и преку проектите на белградската високообразовна институција добива 1.800 евра месечно.

Во целиот регион платите на функционерите се жешка тема во јавноста затоа што се мисли дека тие земаат несразмерно повеќе пари отколку обичните граѓани. Просечната плата во Србија е околу 700 евра, а во Хрватска за 2022 беше 1.000 евра. Во Македонија просечната плата во јануари 2023 беше 33.900 денари, или 550 евра.

Извор: Независен

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВучиќнајнискаПендаровскиплатарегион

НАЈНОВО

Тајланд регистрира 50.000 случаи на Ковид19 за една недела, нов вид го поттикнува растот

May 23, 2025

Хамилтон загрижен за новите правила во Формула 1

May 23, 2025

Мајмунски сипаници во Македонија – епидемиологот Даниловски вели дека не се пренесуваат лесно и мал е ризикот за епидемија

May 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: РИБАРО

    Трајко Славески – ни крив ни должен ќе бидам Гувернер!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 јули ќе почне првото намалување на царинските тарифи за 50 отсто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Молк во костуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научниците создадоа „временско огледало“ – бран што се движи наназад во времето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Толку од самостојноста на претседателката

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk