ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски и Голоб договорија заедничка меѓувладина седница во текот на оваа година

April 3, 2023 15:27
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Зајакнување на билатераланата соработка преку редовен политички дијалог, вклучително и преку одржување меѓувладина седница во текот на оваа година за сите важни области за граѓаните, меѓудругото договорија денеска во Љубљана премиерот Димитар Ковачевски и неговиот словенечки колега Роберт Голоб.

Како што јави известувачот на МИА од Љубљана, двајцата премиери денеска потпишаа заедничка декларација за зајакнување на соработката меѓу двете држави, а една од областите на зајакната соработка ќе биде токму практичната поддршка на Словенија во натамошниот процес на преговори со Европската Унија, кој пак е условен со уставните измени кај нас.

Ковачевски и Голоб направиле пресек на севкупните досегашни односи и ја потенцирале потребата за зајакнување на стабилноста на регионот, посебно во актуелниот геополитички контекст, кога треба да се сочуваат европскиот мир и безбедност.

И затоа се согласивме, со поблиска координација на надворешните политики и со редовен политички дијалог, да придонесеме во кохезијата помеѓу земјите-членки на ЕУ и земјите од Западен Балкан. Во таа насока, предвидовме консултации за актуелни прашања од регионот и надворешната политика на двете земји, изјави Ковачевски на заедничката прес-конференција.

Тој истакна дека Северна Македонија покажала дека знае и може активно да придонесува во регионалната стабилност и перспективи, преку политиките на еднакво општество за сите на домашен план и со политиките на добро разбирање и дијалог во регионален контекст, притоа, поставувајки се јасно и ефективно на линија на заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ во однос на ситуацијата во Украина, со што покажала континуитет во поддршката на европските вредности.

Тој изрази благодарност до Голоб за континуираната, силна и отворена поддршка на Словенија за демократскиот и евроатлантски развој на Северна Македонија. Ја поздрави и словенечката поддршка и охрабрување кон сите пратеници во Собрание на Северна Македонија да продолжат да работат заедно и конструктивно, имајќи го предвид сегашниот моментум и шансите да се направи нов конкретен исчекор во преговарачкиот процес, со конечна цел – полноправно членство во Унијата.

Ковачевски од Словенија: Северна Македонија припаѓа во ЕУ, Владата ја има словенечката поддршка, процесот на приближување не смее да запре

Tags: Димитар КовачевскиРоберт Голоб
Next Post

МЗ: Преземени се потребните чекори согласно доказите и клиничката слика на шестгодишната пациентката од Битола

НАЈНОВО

Касами го доби уверението за втор мандат, од изборните ветување тврди дека прво ќе биде реализиран бесплатен автобуски јавен превоз

November 7, 2025

Ѓорѓиевски: Очекувам Советот на Град Скопје да биде извор на идеи, визии и решенија, а не на поделби

November 7, 2025
Македонија Членство во ЕУ

ЕУ го поздрави потпишувањето на Договорот за меѓуграничниот железнички тунел на Коридор 8

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО и ФОТО) Спектакуларно започна ПР претставата „72 часа чисто Скопје“, во присуство на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk