Претседателот на Украина, Володимир Зеленски на 5 април ќе ја посети Полска, изјави денеска советникот на полскиот претседател за надворешни работи Марсин Пржидач.
– Посетата ќе се одржи на покана на претседателот (Анджеј) Дуда. Ќе има долги, опсежни разговори, не само за безбедносната ситуација, туку и за економската и политичката поддршка изјави Пржидач.
Тој додаде дека „тоа ќе биде официјална посета“.
Зеленски последен пат се сретна со својот полски колега Дуда во декември 2022 година, кога се враќаше од САД.
Голем број Украинци побегнаа од својата земја по руската инвазија минатата година, а голем дел побараа засолниште во Полска.