Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска се обрати на настанот по повод отпочнување на изградбата на автопатот Тетово – Гостивар на Коридорот 8.
Министерот во својот говор истакна дека со започнување на реализацијата на овој проект станува јасно дека модернизацијата на патната инфраструктура во земјата е врвен приоритет на Владата.
„Ова е момент кој долго ќе го памтиме сите, овој камен темелник е доказ за посветената работа на институциите, на добрата координација, доказ за силната посветенот, да се избориме и да започнеме со реализација на предизвикувачки најголемиот капитален инфрастурктурен проект досега.
Најпрво сакам да честитам до сите кои беа инволвирани во овој процес и дадоа огромни напори да започнеме со реализација на овој проект.
Денеска даваме јасно до знаење на сите, инфраструктурата е најголем приоритет на оваа Влада и Република Северна Македонија останува на вистинскиот правец за модерна и просперитетна држава.
Многу пати ги слушавме декларативните заложби дека сакаме да ги затвориме европските коридори, 32 години се зборуваше но најтешките делници останаа нереализорани, патиштата на овое делници се истите од минатиот век.
Клучно прашње е дали сакаме да го вратиме она кое што е пропуштено како шанса? Сите ќе се согласиме дека сме за. Дали сакаме посилна економија младите да ни останат овде? Сакаме. Во делот на инфраструктурата направивме неколку чекори на тој пат, преку новите патни правци кои веќе се реалност, но јас сум убдеден дека ова е најсилнот чекор и најголемиот скок на тој пат“, порача Бочварски.