ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Преговорите за членство во ЕУ ќе бидат успешни само со вклучување на сите во процесот и со водење на инклузивна комуникација

April 4, 2023 08:49
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Домашните, како и експертите со седиште во ЕУ, но со потекло од регионот сакаат и има што да понудат како директна поддршка на македонскиот евроинтеграциски пат, а целиот процес треба искрено да се комуницира со цел сите да се чувствуваат вклучени од самиот почеток – ова се заклучоците од јавниот настан насловен „Македонскиот евроинтеграциски пат – Градење на партнерства и преземање на позитивните искуства“.

Настанот, кој денеска се одржа во Скопје, имаше за цел и дебата со младите луѓе, а беше во организација на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) во соработка со YES Alumni – Програма поддржана од Стејт Департментот на САД. Говорници на настанот беа Александар Ивановски, директор во CFE Tax Advisers Europe и Бојан Кордалов, комуниколог и претседател на ИДУЕП. Модераторка и говорничка на овој настан беше Теодора Бошкова, алумнистка на YES Програмата.

Според Ивановски, кој е директор во Европска Асоцијација на даночни советници со седиште во Брисел, неопходно е државата да ги стави во функција сите ресурси кои стојат на располгање во земјата и надвор со цел да забрза процесот кој е во интерес на сите граѓани.

„Постојат експерти од земјава кои живеат и работат во ЕУ. Сите се на еден или друг начин македонски амбасадори во европските земји односно во Европската Унија. Но, да се помогне во напорите за членство во ЕУ е нешто за кое сите треба да се вложиме и да ја дадеме нашата поддршка во процесот. Постои воља, има луѓе, има знаење и најважно од се добра и искрена намера да се помогне“, рече Ивановски за време на јавниот настан насловен „Македонскиот евроинтеграциски пат – Градење на партнерства и преземање на позитивните искуства“.

Тој ја истакна одлична соработка која во континуитет ја остварува со ИДУЕП во делот на европските интеграции и доброто управување, потенцирајќи дека патот за членство кон ЕУ е неповратен процес, односно дека интеграцијата во ЕУ подразбира промена на начинот на кој работиме, функционираме, соработуваме. Исто така, според Ивановски, членството во ЕУ треба да подразбира национален консензус помеѓу сите општествени чинители, а пред се политичките партии, особено со оглед на геополитичките состојби и воените закани по мирот и стабилноста на целиот европски континент.

„Да ги земеме само за пример хрватското и словенечкото искуство во евроинтеграцискиот пат кое јасно ни покажува дека тие станаа членки на ЕУ затоа што во овој процес ги вклучија сите. Тука зборуваме за експерти – домашни и надворешни, граѓански организации, медиуми, академската заедница, студентските организиции, но првенствено и целокупната државна администрација која треба да го спроведе процесот и успешно да го комуницира со јавноста. Ова е многу комплексен процес и затоа е важно вака да се спроведе со цел да доведе до посакуваната цел“, вели Александар Ивановски на јавниот настан во организација на ИДУЕП и YES Alumni Програмата.

За успешен процес на европска интеграција потребна е поддршка од граѓаните. А, за да ја добиете поддршката, неопходно е да комуницирате правилно со секој човек, односно да се погрижите да ги вклучите буквално сите заинтересирани страни во преговорите од почетокот па до крајот, истакна комуникологот и претседател на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи, Бојан Кордалов.

„Како организација сакаме да ги ставиме на располагање нашата експертиза, потенцијали и контакти со кои располагање дома, но и во земјите-членки на Европската Унија. Преговорите се во интерес на секој граѓанин, а не процес на една политичка партија или влада. И тоа сите искуства ги покажуваат на земјите од регионот кои изминативе декади се приклучија на Унијата. Сметаме дека во овој дел е неопходно градење на платформа која ќе биде натпартиска и национална, која ќе дава еднаква шанса за вклучување на секого, односно првенствено градење на инклузивна комуникациска стратегија и платформа во која секоја личност ќе се чувствува добредојдена“, рече Бојан Кордалов, комуниколог и претседател на ИДУЕП.

Тој посочи дека директорот на Европската асоцијација на даночни советници, Александар Ивановски е еден од македонските, но првенствено европски ескперти, кои реално одамна се дел од Европската Унија, а е многу важно што и понатаму се ентузијасти и сакаат помогнат и да го дадат својот придонес.

„Во рамки на посетите и средбите кои ИДУЕП редовно ги остварува во Брисел, со него разговараме за можностите за вклучување и на многу други ескпертки и експерти со потекло од регионот кои сакаат да ни помогнат многу побрзо и посеопфатно да го изодиме патот на преговори за членство во ЕУ. И дефинитивно нивната експертиза ни е многу важна, секако првенствено во комбинација со сите човечки ресурси со кои веќе располагаме во земјата. Убеден сум дека Секретаријатот за европски прашања ги препознавa ваквите напори и можеме сите заеднички со поддршката од граѓаните и нашите меѓународни партнери да работиме на овие важни прашања“, вели Кордалов.

Тој додава дека доколку граѓаните почувствуваат дека процесот на преговори не е доволно широк, односно се води во кругот на истите актери, тогаш поддршката нема да биде можно да се зголемува. Кордалов истакнува дека работите од самиот старт може да постават правилно само и првенствено со градење и спроведување на комуникација базирана на вклученост на сите заинтересирани страни, односно само со икрена и отворена комуникација на фактите, како и градење на транспарентна врска со медиумите.

Алумнистката на YES Програмата, Теодора Бошкова смета дека сите млади луѓе во земјава заслужуваат европска иднина и можности какви што имаат нивните врсници од ЕУ.

„За секоја млада личност од огромна важност во периодот на развој е стекнувањето на различни искуства. Сметам дека црпењето на позитивни, па и негативни искуства од земјите во ЕУ, како и од САД, може да биде само предност за нас младите. На овој начин се отвараат повеќе и подобри можности за градење на иднина каква што заслужуваме. Тоа е европската иднина, каква што имаат нашите врсници од Европската Унија, сите заедно обединети во различностите кои носат напредок и позитивни промени за секоја личност“, истакна Бошкова, која во моментов работи и како млад професионалец за односи со јавност.

Таа посочува дека младите се столбот на секое општество, па затоа мора да бидат и најважната алка која е неопходно да биде целосно вклучена во носењето одлуки на секое ниво.

„За да се стигне до оваа цел, потребна е поголема транспаретност и информираност на младите луѓе, центри кои специфично ќе работат на таа проблематика, програми кои постојани ќе ги промовираат европските вредности, како и вакви настани каде заедно ќе креираме соработки и стратегии кон европските патишта. Младите луѓе можат многу да придонесат во процесот на преговори за членство и затоа апелирам да бидат вклучени, бидејќи европската иднина им припаѓа ним и е многу важно заедно со носителите на одлуки да добијат шанса да ја креираат“, заклучува Бошкова.

Tags: YES ПрограмаЕУ
Next Post

Средба Османи-Тајани: Италијанскиот засилен фокус на Балканот е повеќе од добредојден"

Shortcut

Најново

НАСА го објави екипажот за историската мисија „Артемис 3“ во 2027 година

June 9, 2026

Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

June 9, 2026

Летно читање за немирни умови: две изданија на Frontline Press во „Или-Или“

June 9, 2026

Цаневска-Арсовска со три прашања до Ѓеорѓиевски: Каде се парите на скопјани, кој ги именува директорите и зошто Скопје се дави во смет?

June 9, 2026

Мицкоски: За новиот клинички центар разгледуваме локација кај базенот „Борис Трајковски, кој заедно со  „8 Септември“ и поликлиниката Букурешт би бил еден целосен комплекс

June 9, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk