Полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар, со судска наредба, синоќа околу 19.30 часот го привеле 31-годишниот гостиварец О.А., информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.
Тој бил осуден на едногодишна затворска казна за сторено кривично дело „тешка кражба“.
Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа „Затвор Тетово“ за издржување на казната.







