ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски ќе го пречека премиерот на Хрватска

April 5, 2023 08:08
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски на 5 април (среда) во 10:00 часот ќе го пречека претседателот на Владата на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ, кој пристигнува, во официјална посета на Република Северна Македонија.

Во делегацијата заедно со премиерот Андреј Пленковиќ се високи претставници за економски прашања и за надворешни работи, претставници од хрватскиот Сабор, како и амбасадорката на Република Хрватска во Република Северна Македонија, Нивес Тигањ.

Премиерот Андреј Пленковиќ и неговата делегација, на платото пред Владата на Република Северна Македонија ќе ги пречека премиерот Димитар Ковачевски и владината делегација со официјална церемонија за пречек со највисоки државни и воени почести.

Во составот на македонската делегација, на средбата со хрватската делегација, ќе присуствуваат заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија за европски прашања, Бојан Маричиќ, заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, амбасадорот на Република Северна Македонија во Република Хрватска, Милаим Фетаи.

Според агендата за официјалната посета на хрватскиот премиер, Пленковиќ на земјава, веднаш по церемонијата на пречекот е предвидена тет-а-тет средба со премиерот Ковачевски, по што ќе следува билатерална средба на двете делегации.

Двајцата премиери на Хрватска и Северна Македонија, Пленковиќ и Ковачевски, ќе одржат заедничка прес-конференција во Медија Центарот на Владата во 11:10 часот.

Tags: КовачевскиПленковиќхрватска
Next Post

Шукова ќе потпише договор со ЕБОР за „Регионалниот проект за цврст отпад“

НАЈНОВО

Европска премиера на претставата „Приказната на Електра“ за затворање на „Охридско лето“

August 20, 2025

Книжевна вечер со Капка Касабова во „Буква“

August 20, 2025

(ВИДЕО) „Јасен“ се уште гори, борбата со големиот шумски пожар продолжува

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk