Премиерот Димитар Ковачевски, на денешната прес-конференција со премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, истакна дека Владата ќе продолжи засилено да работи во насока на продолжување и проширување на соработката со Хрватска со која посочи дека не поврзува не само заедничкото минато во поранешна Југославија туку и желба за подобра заедничка иднина во ЕУ.
Нашите две држави немаат отворени прашања, во континуитет градиме и постојано трасираме нови правци за меѓусебна соработка. За одличните билатерални односи, рече тој, говорат дури 44 склучени билатерални договори, при што во фаза на иницијатива се уште 15 други договори, а најинтензивна е соработката во делот на евроинтегарциите
-Хрватската е меѓу најгласните и најконзистентните подржувачи за нашата европска интеграциија. За тоа говорат делата, а не само зборовите, меѓу кои се и одлуките за отворање на преговорите со Северна Македонија и Албанија донесена токму во времето на претседавањето на Хрватска во првата половина на 2020 година, во вонредни околности на пандемија од Ковид 19. Нивниот поранешен главен преговарач со ЕУ кој денес е наш главен советник на нашиот главен преговарач чие искуство е од непроценливо значење за нас, и тоа е дел од мозаикот што имаме ислклучително успешен скрининиг процес, рече Ковцачевски.