Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е целосно нормализиран од утрово.
Движењето на возилата беше во прекин поради голем карпест одрон вчера на местото познато како Ветерско, близу тунелот Катланово.
Од специјализираните тимови на патна служба и спасување, кои беа на местото на настанот целосно беше исчистена карпестата маса која го блокираше сообраќајот кој сега се одвива во нормални услови.