ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Костадиновска-Стојчевска: Ромската култура е доказ дека може да живеете на периферијата, а да го освоите светот

April 6, 2023 15:01
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Културата не е привилегија, културата не е сопственост… културата е чувар на сите историски „плими и осеки“, без разлика кои сме и каде сме. Ромската култура е доказ дека може да живеете на периферијата, а да го освоите светот. Зарем тоа не го постигна неповторливата Есма Реџепова. Или режисерот со светско реноме, Рахим Бурхан. Или кларинетистот Исмаил Лумановски, кој преку своите извонредни изведби и импровизации ја афирмира и ромската музика. Школуван е на престижниот Универзитет „Џулијард“ – рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска на конференцијата „Стратегија за Роми, тек и следни чекори“, која се одржа во пресрет на 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите.

Костадиновска-Стојчевска истакна дека Министерството за култура е силен и искрен поддржувач за реализација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022 – 2030, која, на конференцијата, ја презентираа претставници на Институтот за истражување и анализи „Ромалитико“.

– Ќе повторам, она што ѝ го должиме на ромската култура, е нејзино институционално зачувување, нејзин развој и промоција. Тоа го правиме и убедена сум дека ќе биде направено и порано од рокот што си го зададовме – нагласи министерката за култура. Таа додаде дека за оваа година, преку Годишната програма за поддршка на проекти од национален интерес во културата, Министерството за култура поддржа голем број проекти на ромски автори, манифестации и фестивали во издавачката, фолклорната, драмската и во меѓународната дејност.

Костадиновска-Стојчевска потсети дека преку програмата „Креативна Европа“, Европската комисија го одобри повеќегодишното финансирање на извонредниот проект „Рома рок скул“ за бесплатно музичко образование за сите талентирани деца и млади кои не можат финансиски да си го дозволат ниту тоа образование, а уште помалку да купат инструмент.

– „Рома рок скул“ во изминатите години создаде многубројни бендови, со членови од сите етнички заедници, кои на рок-музиката ѝ додадоа уникатен шарм вметнувајќи делови од ромскиот мелос. Би рекла, доволно причини за да бидат кофинансирани и преку конкурсот на Министерството за култура за „Креативна Европа“ – рече Костадиновска-Стојчевска.

На конференцијата, која се одржа под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, воведно обраќање имаа шефот на делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир; министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска; министерот за здравство, Фатмир Меџити; министерот за образование и наука, Јетон Шаќири и министерот за транспорт и врски, Благоја Бочварски.

Во рамките на втората панел-дискусија: „Како институционалната поставеност во државата одговара на текот и следните чекори на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022 – 2030“, се обратија претставници на институции, невладини организации и претставници од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Tags: Костадиновска Стојчевскаромистратегија
Next Post

Отворена е изложбата „30 години членство во ОН“ – иницијатива на Државниот архив

Shortcut

Најново

Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

June 6, 2026

„Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

June 5, 2026

Преполна сала и огромни пофалби за премиерата на „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на фестивалот „Трибека“ во Њујорк

June 5, 2026

(ВИДЕО) Архангел ја враќа суровата магија – „Дни оловни“ – песна со возвишен рок сензибилитет

June 5, 2026

Мицкоски од Самитот во Тиват: Градиме пријателства и отвораме врати со Макрон и Мерц за европската иднина

June 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ја има третата власт на speed dial

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk