Цркви на звучници, џамии на звучници – од кај изникна оваа турбо-фолк верзија на религиозност?, реагира во објава на Фејсбук професорката Катерина Колозова.
„Вака не беше. Вака нигде не е. Никој никого нема право да го тероризира со сопствените уверувања, вклучително и религија. Ја не знам за дел од овој континент наречен Европа кајшто ваква наметливост се допушта- и за едните, и за другите. На километри се слушаат. Може ли и МПЦ и ИВЗ да не се тероризираат взаемно, своите верници, и останатите што не се никакви верници?“, наведува професорката Колозова.