Денес со почеток во 10:00 часот, заедничка прес-конференција ќе одржат заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ и министерката за евроинтеграции во Владата на Република Србија, Тања Мишчевиќ.
Двете делегации претходно ќе имаат билатерален состанок на кој ќе биде потпишан Меморандум за соработка во областа на европска интеграција.