ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Петровска: НАТО ќе продолжи да се менува, а со тоа и ликот на македонската Армија

April 7, 2023 12:56
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во овие три години колку што сме дел од најмоќниот воено политички сојуз покажавме дека Северна Македонија е подготвена да го даде својот придонес во колективната безбедност, во гаранцијата за стабилноста на секоја членка на НАТО и во гаранцијата за безбедноста на секој граѓанин на Сојузот, порача министерката за одбрана Славјанка Петровска на отворањето на првиот Одбранбен форум 2023.

Денеска, додаде, сме кредибилна членка на НАТО со рамноправен придонес во Сојузот кој веќе брои 31 земја.

– Ние сме составен дел од Алијансата и од нас како и од сите останати земји-членки зависи колку НАТО ќе одговори на својата задача – да биде заштитник на заедничките цивилизациски вредности – слободата, правдата и демократијата. Покажавме дека недвосмислено стоиме зад овие вредности со јасно изразениот став на осуда на напад на суверенитетот и интегритетот на Украина и нејзиното право на слобода, со брзата, но темелно осмислена реакција на нивните барања за помош за одбрана од овој напад, со нашето внимание тоа во никој случај да не влијае на борбената готовност на Армијата, туку напротив да ја засили уште повеќе посветеноста на инкорпорирање на најсовремената опрема во редовите на Армијата, бидејќи силна, способна и опремена Армија значи силна гаранција за безбедноста на нашата земја и посветеноста на НАТО Алијансата, рече Петровска.

Посочи дека довербата и интегритетот на Армијата кај граѓаните е јавно добро што грижливо се чува, а модернизацијата, развојот на човечките и материјалните капацитети, одржливоста, доброто управување и прецизната регулација, како и растечката цел за заштита на безбедноста и стабилноста се суштински елементи за неопходно зајакнување на довербата.

-Силната корелација помеѓу безбедносните ризици и закан и состојби во регионот и на европскиот континент треба што подобро да се искористи. Затоа Министерството за одбрана останува посветено во спроведувањето на сите мерки и активности кои се во негова надлежност, предвидени и со Долгорочниот план за развој на одбранбените способности, но и стратешкиот концепт на НАТО и концептот МКД НАТО 2030, нагласи Петровска.

Истакна дека развојот на Армијата ќе одигра голема улога во зголемувањето на можностите на целокупниот безбедносен систем на земјата, овозможувајќи пристап од 360 степени преку превенција до надминување на безбедносните предизвици.

-Ако сакаме македонската одбрана да биде пример за функционалност мора да имаме и мултисекторски пристап. Само ако сме заедно, ако сме здружени и со исти цели можеме да бидеме посилни во гарантирањето на безбедноста за секој граѓанин. Развиваме систем за управување со дезинформации кој меѓу другото се темели и на соработката со цивилниот сектор. Дезинформациите и сајбер нападите целат директно во суштината на општеството, во демократските процеси, довербата на граѓаните во институциите и демократските избрани влади и функционалноста на системот. Како што се менува светот, НАТО ќе продолжи да се менува, а со тоа и ликот на македонската Армија и Министерството за одбрана со цел да бидеме во чекор со времето зајакнувајќи ја превенцијата и раното предупредување на целокупниот безбедносен систем, порача Петровска.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: МОНАТОПетровска

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Во израелските напади врз Појасот Газа убиени 20 луѓе

July 5, 2025
Фото: ВИ

Трамп „многу незадоволен“ од разговорот со Путин за Украина

July 5, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија

July 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бајач од скопско Трубарево, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk