ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Препораки на ЦИВИЛ за изборни реформи

April 7, 2023 18:57
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Изборните процеси во нашата земја, имааат тенденција секогаш да бидат проследени со помпезни изборни кампањи и програми што не секогаш го отсликуваат граѓанскиот интерес, наспроти интересот на политичките партии. Таквото предизборие, кое по правило почнува со завршување на еден изборен циклус и трае до отпочнување на друг изборен циклус, носи и низа проблеми што наместо да се решаваат тие се провлекуваат или надоградуваат.

Во таа насока, препораката, барем на ЦИВИЛ е дека итно се потребни изборни реформи, кои пред сè треба да започнат со измени и дополнувања на Изборниот законик. Иако, ставот на ЦИВИЛ е дека ни треба целосоно ревидирање на Изборниот законик, за тоа, барем до следните изборни процеси во 2024 година, нема време, ниту услови.

Во продолжение, препораки на ЦИВИЛ кои можат да помогнат во подобрување на Изборниот законик, а со таа и надминување на некои од редовните изборни нерегуларности.

Препораки на ЦИВИЛ за иборни реформи:

– прочистување на Избирачкиот список,
– овластени лица за поднесување на приговори да бидат и релевантни домашни организации кои спроведуваат мониторинг на изборните процеси,
– една изборна единица
– воведување на отворени листи,
– продолжување на рокот за обуки и едукација, како и избор на членови на ОИК и ИО, во случаи кога се работи за редовни изборни циклуси,
– регулирање на периодот од распишување на изборите до официјалниот старт на изборната кампања кога учесниците во изборните процеси наоѓаат начини да го заобиколат законот и да започнат со предизборни кампањи кои во најголем дел се злоупотребуваат на сметка на противникот,
– едукација на гласачите.

Дискриминација, нетрпеливост, омраза

1) Обезбедување на законски и материјални услови за проширување на мониторингот од страна на ААВМУ, со цел да се опфатат сите видови говор кој поттикнува или шири дискриминација, нетрпеливост или омраза, вклучително и на порталите и на социјалните мрежи, пред, за време на изборната кампања, и по изборите.

2) Воведување на јасни правила од страна на ДИК, и подготовка на кампањи за кревање на свеста на учесниците во секој изборен процес за забраните и санкциите за говор кој поттикнува или шири дискриминација, нетрпеливост или омраза.

3) Министерството за правда да изготви анализа, со препораки и план за акција како да се надмине проблемот на пасивноста на надлежните институции (пред се, МВР, и Обвинителствата), и да се надмине проблемот со неказнивоста во случаи на говор кој поттикнува или шири дискриминација, нетрпеливост или омраза во контекст на изборен процес.

4) МВР да ги зајакне капацитетите за борба против ширењето на расистички и ксенофобични материјали преку компјутерските системи, како и расистичките и ксенофобични мотивирани закани и навреди, со посебен фокус на изборниот процес.

5) Со законот за јавни собири се забрани повикување, поттикнување или разгорување на омраза по сите основи, со казни за организаторите на јавниот собир кои нема да преземат мерки за заштита од говор на омраза.

6) Владата, во соработка со здруженијата на граѓани, политичките партии, верските организации, медиумите и МАНУ, да изготви долгорочна стратегија за борба против говорот на омраза (вклучително и говорот на омраза онлајн), со посебен фокус за време на изборниот процес.

7) Здруженија на граѓани да ги координираат своите активности за граѓански мониторинг на изборниот процес. Заедно со Народниот правобранител и комисијата за заштита од дискриминација да подготват кампања за кревање на свеста на граѓаните, со цел да се зголеми бројот на граѓански пријави и да се активираат постоечките механизми за заштита од говорот кој поттикнува или шири дискриминација, нетрпеливост или омраза во контекст на изборен процес. Медиумските здруженија да се вклучат поактивно кревање на свеста кај новинар(к)ите за штетните општествени последици од говорот кој поттикнува или шири дискриминација, нетрпеливост или омраза во контекст на изборен процес.

Политичко финансирање:

Со оглед на фактот што се губи ефективноста на ограничувањето на износите за донации од причини што е дозволено префрлање на средства од редовната сметка кон изборната сметка, да се усогласат износите на донации кои се дозволени за редовната сметка и сметката за изборна кампања и да се оневозможи донирање на едно физичко или правно лице и на двете сметки.

Да се земат во предвид сугестиите на релевантните институции и засегнатите страни при пропишувањето на обрасците за извештаите кои учесниците во изборната кампања треба да ги доставуваат кон надлежните органи. Министерството за финансии е обврзано да ги пропишува обрасците за извештаите, но од причини што министерството не е корисник на истите не ги прибира и анализира, се поставува прашање дали пропишаните обрасци ги задоволуваат потребите на институциите што ги користат тие извештаи.

Да се задолжат партиите своите извештаи да ги објавуваат на нивните веб страници. Иако во законот се предвидува партиите своите извештаи да ги објавуваат на нивните веб страница, не сите партии ја почитуваат оваа одрдба, па така се загрозува транспарентноста.

Извештаите да обезбедуваат споредливост. Имено задолжително да се изготвува Биланс на состојба во кој ќе се споредуваат два периода. Досегашните извештаи не обезбедуваат информации за постоечките обврски, и подмирени обврски од минат период.

Овие препораки се дел од мониторингот на ЦИВИЛ на изборните процеси од 2008 година наваму. Со нивно надминување или внесување во Изборниот законик, ќе се избегнаат вообичаените изборни нерегуларности кои низ годините се провлекуваат во секој изборен процес. Дополнително ќе се придонесе кон слободни, демократски и фер изборни процеси.

ЦИВИЛ подготвува нов сет на препораки кои произлегуваат од долгорочното набљудување на политичко-општествената состојба во изборен контекст.

Подготви: Б. Ј.

Извор: ЦИВИЛ Медиа

Tags: изборипрепоракиЦИВИЛ
Next Post

Украина: Протекувањето на плановите на САД е руска дезинформативна операција

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk