ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Се врши ограничување на висината на надоместоците меѓу давателите на платежни услуги за плаќањата со платежни картички на ПОС-уредите

April 7, 2023 12:20
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

„Новиот Закон за платежни услуги и платни системи им овозможува повисока заштита како на граѓаните, така и на фирмите. Тој предвидува јасно информирање на граѓаните пред потпишувањето рамковен договор со давателите на платежни услуги за условите и висината на надоместокот за нивното користење. За првпат се врши и ограничување на висината на надоместоците коишто давателите на платежните услуги меѓусебно си ги наплаќаат за користењето на платежните картички, издадени од еден давател на ПОС-уреди, а поставени кај трговците од друг давател, како трошок што влијае врз конечната цена на услугите за плаќањата. Висината на овие надоместоци постепено ќе се намалува и на почетокот на 2025 година не ќе смее да биде повисока од 0,2% од вредноста на платежната трансакција извршена со дебитна, односно од 0,3% кај кредитна платежна картичка. Со ова ограничувањето ќе се изедначи со она што се применува во ЕУ во моментов. Тоа понатаму би влијаело и врз цената којашто ја плаќаат трговците за користењето на ПОС-уредите.” Ова го посочи директорот на Дирекцијата за платни системи при Народната банка, Игор Величковски, во гостување за „Блумберг Адрија”.

Величковски истакнува дека условите под кои им се нудат платежните услуги на корисниците, а особено на граѓаните, треба да бидат разбрани од нив на едноставен начин. „За таа цел, рамковниот договор за платежни услуги којшто го потпишуваат давателот на платежни услуги и граѓанинот, како потрошувач, ќе биде во стандардизирана форма со задолжителен сет информации. Пред потпишувањето, давателот треба да го информира граѓанинот за условите под кои може да ги користи неговите платежни услуги, како и да му даде информација за висината на надоместоците за најчесто користените услуги. По склучувањето на рамковниот договор, давателот е должен, најмалку еднаш годишно, да му достави на потрошувачот извештај за надоместоците коишто му ги наплатил за користењето на платежните услуги”, објаснува директорот понатаму.

Директорот на Дирекцијата за платни системи при Народната банка посочува и дека новата регулаторна рамка ги зема предвид и интересите на фирмите, бидејќи се врши и ограничување на висината на надоместоците коишто ги наплатува давателот кој ја издал платежната картичка од давателот кој го поставил ПОС-уредот кај трговецот. Се очекува дека ова ќе ги намали трошоците за давателите кои поставуваат ПОС-уреди кај трговците, што понатаму би довело до намалени надоместоци и за трговците. Намалените надоместоци, пак, би ги поттикнале трговците кон поставување нови ПОС-уреди, што на крајот би придонесло за поголемо користење на платежните средства на платежните сметки на граѓаните, како и за намалување на готовинското плаќање.

Tags: ВеличковскиНБ
Next Post

Ковачевски: Ромите имаат потенцијал да го предводат прашањето на сопствената интеграција

EVN

НАЈНОВО

January 27, 2026

Димитријевиќ: АКТ објави нова „бомба“ – Тендерска мрежа на фирми води директно до Нелоски и кабинетот на Мицкоски

January 27, 2026
Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

Анкета во Унгарија: Опозициската Тиса убедливо пред Фидес, се тресе ли „тронот“ на Орбан

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk