ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Застаре уште еден предмет за Мијалков

April 7, 2023 18:51
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Фото: скриншот

Фото: скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Апелационен суд во понеделникот ја одложи седницата за „Титаник 2“ за 13 април, на која требаше да биде донесена пресуда за поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, а тој нема да биде осуден за учество во изборни нерегуларност на локалните избори во 2013 година, бидејќи кривичното дело застарува денеска.

На седницата во понеделникот беа присутни само Мијалков и Бедредин Ибраими, кој рече дека не добил покана, но дознал по допрен глас и дошол на седницата. Не беа присутни лидерот на ДПА Мендух Тачи и членовите на ДИК Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев, кои судот констатира дека биле неуредно поканети.

На 23 јануари годинава, Основниот кривичен суд ги прогласи за виновни и им изрече вкупна казна од 12 години затвор на обвинетите во повторената постапка за случајот „Титаник 2“, кој се однесува за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година во Општина Струмица.

Мијалков, за стореното кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“ судот го осуди на казна затвор во траење од две години, во која се пресметува и времето поминато во притвор.

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, за сторено кривично дело „повреда на избирачко право“ судот го осуди на казна затвор од две години.

На поранешните членови на Државната изборна комисија Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев, судот за сторено кривично дело „повреда на избирачко право“, им изрече казна затвор од по две години.

Основниот кривичен суд во Скопје на 8 март 2019 година на обвинетите во случајот „Титаник 2“ им изрече вкупно 19 години и осум месеци казна затвор, но Апелациониот суд Скопје во ноември 2019 година, поради суштествени повреди на постапката, ја укина првостепената пресуда и случајот го врати на повторно одлучување.

Новиот министер за правда, Кренар Лога Министерот вели дека  жали што дозволил да застари уште еден предмет.

„Веднаш по стапувањето на функцијата министер за правда, испратив дописи до Судскиот совет, Советот на јавни обвинители и Јавното обвинителство на 14 март 2023 година, каде предупредив и побарав поефикасно и навремено преземање мерки со цел спречување на вакви и слични ситуации на застарување на судските предмети преку одложувања на судските процеси“, вели Лога.

Тој додава дека и покрај неговата заложба да не се меша во независната судска власт, принуден е да реагира и да ги повика сите институции и организации „итно да преземат мерки за брзи реформи“.

„Ваквите случаи не му одат во прилог на развојот на општеството, туку напротив, со штетата која ќе ја предизвикаат уште повеќе ќе ја поткопаат довербата на граѓаните во целиот систем“, смета Лога.

Мијалков е обвинет за четири предмети од страна на Специјалното јавно обвинителство. За „Таргет-Тврдина“ и „Трезор“ му се суди  вторпат, откако Апелација ги поништи пресудите со највисоки казни што му беа изречени. Апелациониот суд-Скопје пред две недели ја потврди ослободителната пресуда за поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков и припадниците на поранешната полициска единица „Алфи“ во случајот „Тортура“, откако претходно ослободителна пресуда донесе Кривичниот суд.

Сашо Мијалков  издржува затворска казна за случајот „Империја“ во затворот во Струга. Во договор со Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција тој призна вина и беше осуден на три години затвор, како и конфискација на имот во вредност од 30 милиони евра.

Извор: Слободен печат

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: „Титаник 2“застарено делоМијалков

НАЈНОВО

Пратеничката Мимоза Муса ја напушти АА на Таравари, останува во ВЛЕН

May 23, 2025

(ВИДЕО) Син го чека својот татко од руско заробеништво – Украина и Русија ја почнаа најголемата размена на затвореници од почетокот на војната

May 23, 2025
Протести Србија. Фото: Скриншот, ТВН1

Протест пред Владата на Србија: Професорите поднесоа барање за распишување избори

May 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: РИБАРО

    Трајко Славески – ни крив ни должен ќе бидам Гувернер!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Зоран Кардула претстави 120 портрети на познати личности со влашко потекло, Небојша Гелевски го додаде Кардула

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е одговорот на прашањето: Колку родови има?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Молк во костуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Анкета на „Внимание“: „На која возраст треба да се престане да се излегува по клубови“…

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk