ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Дваесет фирми чувале залихи на овошје и зеленчук, ќе добијат казни од 800 до 10.000 евра

April 9, 2023 20:19
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Вкупно 20 фирми се проверени во вчерашната акција на Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Управата за финансиска полиција. Скоро сите ќе бидат казнети бидејќи имале доволно залихи на овошје и зеленчук, но не ја почитувале одлуката за дистрбуција и продажба на најмалку 70 отсто од количествата во јануари и февруари. За нив ќе следат казни од 800 до 10.000 евра.

Како што објави Сител, двајца на Кванташки пазар се казнети и затоа што продавале како физички лица. Од фирмите, пак, се одземале фактури од увозот на овошјето и зеленчукот кои треба да покажат дали и како се лажирале увозните цени за да се избегнат царинските давачки. Истрагата и контролите ќе продолжат од утре.

Надлежните институции од фирмите ги имат земено сите потребни документи и најавуваат дека проверката ќе продолжи и утре.

Фирмите во петокот не извршиле достава по одлуката за 70 осто од продажбата што ја имале во јануари и февруари. Сите надлежни институции ги земавме потребните документи и потребно е да се сработат. Истраги ќе има. Документите целосно ќе се прегледуваат и од другите институции, ова што ние сме биле вчера и што сме санкционирале не е запирање. И од понеделник ние како Државен пазарен инспекторат ќе бидеме на терен и кој нема да врши достава согласно одлуката  ќе го казнуваме, изјави директорот на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски.

Од вчера над 30 инспектори на Државниот пазарен инспекторат се на терен на територијата на цела држава и вршат контрола на увозниците на зеленчук и овошје. Инспекторите на ДПИ постапуваат во координација со Управата за финансиска полиција и Управата за јавни приходи.

Со контролата на ДПИ се опфатени увозници на зеленчук и овошје во Скопје, а влезено беше и на Кванташкиот пазар. Исто така се вршеа надзори и кај увозниците на големо во Струмица, Дебар и други градови.

Извор: МИА

Tags: ДПИзалихизеленчукказниовошје
Next Post
Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Македонија, земја поубава од бајките на Дизниленд

EVN

НАЈНОВО

Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

Анкета во Унгарија: Опозициската Тиса убедливо пред Фидес, се тресе ли „тронот“ на Орбан

January 27, 2026
Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026
Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk