ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Глигорова: Постојано се јакне капацитетот за стрес-тестирање на банките

April 11, 2023 10:27
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

„Народната банка постојано вложува ресурси во јакнењето на сопствениот капацитет, но што е уште поважно и во капацитетот на банките за стрес-тестирање. Toa e една од главните алатки за утврдување и управување со ризиците и ранливостите во профилот на ризик или деловниот модел на банките. Тие не се само една вежба којашто треба да ја вршат банките заради исполнување на обврските пропишани од регулативата или супервизорите. Банките треба да спроведуваат низа различни стрес-тестирања, покривајќи низа различни сценарија, земајќи ги предвид врските меѓу одделните ризици и условите на пазарот. Најважно е банките потоа да ги искористат резултатите од стрес-тестирањето.” Ова го истакна Викторија Глигорова, генералната директорка на Секторот за супервизија во Народната банка, во интервју дадено за електронскиот билтен на Македонската банкарска асоцијација.

Говорејќи за потребата од редовно вршење стрес-тестирање од страна на банките коешто супервизорите го користат како една од алатките за оцена на отпорноста на банките на различни шокови, Глигорова се осврна на Базелските принципи за ефикасна банкарска супервизија, нагласувајќи дека „со нив се укажува дека е потребно стрес-тестирањето да биде составен дел од целокупната култура на управување, вклучително и управувањето со ризиците во банките, а резултатите од стрес-тестирањето треба да влијаат врз донесувањето одлуки, вклучително и врз стратегиските деловни одлуки на највисоко ниво.”

Генералната директорка на Секторот за супервизија истакнува дека банките го вградуваат стрес-тестирањето во системот за управување со ризиците, бидејќи укажува на можните негативни исходи од изложеноста на банките на различни ризици и им дава информации на банките и супервизорите за финансиските ресурси коишто би биле потребни за да се апсорбираат загубите доколку се случат такви шокови.

Глигорова додава: „Во следниот период една од областите во кои ќе бидеме насочени е стрес-тестирањето поврзано со „зеленото финансирање”, што секако е во согласност и со тековните напори на ова поле на меѓународно ниво.”

Tags: банкиГлигороваНБСтрес тест
Next Post

Австрија за шест месеци ќе ја продолжи контролата на своите граници со Унгарија и Словенија

НАЈНОВО

Фото: Кошаркарска федерација на Македонија

Македонските кошаркари против Унгарија ги завршуваат претквалификациите за СП 2027

August 20, 2025

Здружението на тренери во Италија бара израелската репрезентација да биде суспендирана од меѓународни натпревари

August 20, 2025

Исак го обвини раководството на Њукасл дека ги крши ветувањата

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk