Министерот за правда Кренар Лога оствари средба со координаторите на пратеничките групи во Собрание. Средбата, според соопштението, поминала во конструктивна атмосфера.
Лога ги информирал претставниците на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и Алијанса на Албанците за работната група за изборни реформи, потребата од имплементирање на препораките на ОБСЕ/ОДИХР во Изборниот законик како и иницијативата за нов Изборен Законик.
Се дискутирало и за законодавната агенда, законите кои се предложени од Министерството за правда како и можностите за нивно побрзо усвојување во Парламентот.
Договорено е вакви средби во Собранието да се одржат и во наредниот период а соработката со пратениците да се интензивира.