ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Србија, С. Македонија и Албанија ги разменуваат искуствата во преговарачкиот процес со ЕУ

April 11, 2023 15:40
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за евроинтеграции на Србија, Тања Мишчевиќ, на регионалниот експертски состанок „Правдата нека владее со регионот“ во Белград, изјави дека Србија, Северна Македонија и Албанија ги разменуваат искуствата во преговарачкиот процес со ЕУ.

Регионалниот експертски состанок „Правдата нека владее со регионот“ организиран е во Белград од Националната конвенција за ЕУ во Србија, на кој присуствуваше и координаторот на Националната конвенција за ЕУ во Србија Бојана Селаковиќ, координаторката на Националната конвенција за ЕУ во Северна Македонија, Милева Ѓуровска, координаторката на Националната конвенција за ЕУ во Албанија, Гледис Џипали и амбасадорот на Кралството Холандија во Србија, Теодорус Антониус Рајнтес.

Мишчевиќ на средбата изјави дека граѓанското општество е рамнотежа и промотор на реформите, кое на државата и посочува за новите развои, а од друга страна државата се труди да го исполни она што е реално остварливо.

-Конвенциите во регионот постојат и беа дадени како предлог кој во еден момент стана многу присутен. Националните конвенции се модел што го презедовме од она што е познато како искуство на Словачка во преговарачкиот процес, рече Мишчевиќ.

Таа додаде дека од самиот почеток е дефинирана улогата на конвенциите како основна платформа, која сега брои повеќе од 800 организаци.

-Почнавме да учиме од нашите колеги како да преговараме за договорот за стабилизација и асоцијација, бидејќи Северна Македонија тоа го направи прва на Западен Балкан, а потоа дојде време да возвратиме, така што во последните неколку години го пренесуваме искуството од преговарачкиот процес“, рече Мишчевиќ.

Таа нагласи дека Северна Македонија и Албанија се земји кои први започнале преговори, од самиот почеток според новата методологија и дека Србија може да научи за примената на новата методологија врз основа на нивното искуство.

-Од друга страна, ние можеме да помогнеме да се пренесат добрите и лошите искуства од досегашната работа во процесот на преговори меѓу конвенциите и владата, како се одвива подготовката на документите и како се презентира во Брисел и она што се обидуваме и ние да научиме, изјави Мишчевиќ

Tags: ЕУМакедонијапреговори
Next Post

Младите лекари во Велика Британија започнаа штрајк, бараат повисоки плати

Shortcut

Најново

Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

July 22, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

Филипче од Гостивар: Лошо се менаџира кризата, нема систем, граѓаните се оставени сами да се справуваат

July 21, 2026

Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

July 20, 2026

Вештачката интелигенција во ЕРП-системите: „Најверојатно точно“ не е доволно

July 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Драган Тилев за „Фронтлајн“: Европските реформи мора да продолжат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk