ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Средба Грковска и Јовески: Јакнењето на интегритетот во правосудниот систем е клучен за враќање на довербата кај граѓаните

April 11, 2023 14:03
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Заменичката на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска и Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески денеска одржаа работна средба на која се разговараше за активностите на Јавното обвинителство во насока на имплементација на забелешките содржани во Извештајот на Европската Комисија. Вицепремиерката Грковска во координација со институциите надлежни за справување со корупцијата презема конкретни активности за доследна имплементација на препораките од Извештајот на ЕК за напредокот на нашата држава.

Вицепремиерката Грковска изрази подготвеност, во рамки на своите надлежности за доброто владеење и унапредување на владеењето на правото, да даде поддршка на активностите на Јавното обвинителство со цел да се надминат нотираните предизвици во Извештајот на ЕК. Кабинетот е отворен за соработка со сите надлежни институции за потребата од зајакнување на внатрешните механизми и се залага за воспоставување на мерит-систем во сите институции.

Таа потенцираше дека јакнењето на интегритетот во правосудниот систем е клучен за јакнење на довербата во правосудството, но и за обезбедување правда и правичност. На обуките за интегритет, но и на сите други обуки треба да се гледа како на инвестиција. Обуките треба да бидат дел од мерит системот, односно треба да се мери ефектот од обуките преку вреднување на бројот на предмети во кои било применето стекнатото знаење.

Јавниот обвинител Јовески информираше дека веќе се преземени конкретни чекори за постапување согласно ЕУ препораките, како што е воспоставувањето целосна функционалност на четирите истражни центри во земјава. Тој се осврна на внатрешни механизми на јавното обвинителство во насока на етичко и професионално постапување на јавните обвинители, како и на донесениот Правилник за оценување на работата на јавните обвинители.

Во насока на континуирана модернизација на процесите и подобрување на севкупната функционалност на Јавното обвинителството и сите други институции, на средбата беше истакната и потребата од обезбедување софтверски решенија и соодветен технички кадар заради целосно и непречено функционирање на интероперабилноста.

Tags: ГрковскаЈовески
Next Post

Напрвена корекција на „замрзнатите“ цени на овошјето и зеленчукот

НАЈНОВО

Започнува 22. Меѓународeн салон за стрип „Велес 2025“

August 20, 2025

Салах е прогласен за играч на сезоната во Премиер лигата по рекорден трет пат

August 20, 2025
Фото: МИА

Експлозија на неидентификуван објект во близина на границата на Полска со Украина

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk