Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, објави дека на 18 април по повод Светскиот ден на културното наследство, ќе има бесплатен влез во сите музеи и локалитети низ државата.
„Македонската култура и уметност-богатство кое вреди да се погледне, почувствува и чува. По повод Светскиот ден на културното наследство БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ во сите музеи и локалитети низ државата“, објави на Фејсбук, министерката Костадиновска-Стојчевска.