Министерот за правда Кренар Лога оствари средба со амбасадорот на Република Италија во нашата земја, Н.Е Андреа Силвестри. Министерот Лога се заблагодари на поддршката што Италија и ја дава на нашата земја во делот на реформите и процесот на интеграција.
Амбасадорот Силвестри беше информирам за процесот на уставни измени, составот на работната група, изборните реформи, Стратегијата за реформи во правосудството 2023-2027, процесот на дигитализација во судовите и јавните обвинителства.
Лога и Силвестри заклучија дека регионалната соработка треба да продолжи а реформите да се спроведуваат паралелно со интеграцијата во ЕУ.