ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Петровска од касарната „Страшо Пинџур“: Времето во кое армиските објекти се оставени на забот на времето заврши

April 13, 2023 15:37
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска ја посети касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец каде е сместена Првата пешадиска бригада која е и најголема единица на Армијата.

-Во касарната во Петровец, министерката изврши обиколка на армискиот објект кој по четиримесечната реконструкција денеска претставува вистински репрезент за НАТО Армија во која стандардот на припадниците и нивните услови за работа се прв приоритет, соопшти Министерството за одбрана.

Петровска изрази задоволство од подобрувањето на условите за припадниците на Армијата.

– Драго ми е што бројките и фактите кои ги претставуваме, а се однесуваат на подобрувањето на условите за работа на армиските припадници, денеска ги гледаме во реалноста. Времето во кое армиските објекти се оставени на забот на времето заврши и затоа решително и плански објектите кои и се потребни на Армијата ќе го имаат и ликот достоен за Армија и држава членка на НАТО, рече Петровска.

Мнистерството информира дека целосната реконструкција на објектот чинеше 21,7 милиони денари и опфати замена на електрична и водоводна инсталација, инсталација за греење, нова покривна конструкција, нови прозорци, реконструирани санитарни јазли, целосна замена на врати и подови, како и поставување термичка фасада.

-Согласно Планот за повисоки еколошки стандарди во одбраната, наречен Еко-одбрана, објектот се реконструираше и со цел зголемување на неговата енергетска ефикасност. Според планот на Министерството, оваа година ќе почне реконструкција на најмалку пет дополнителни објекти од значење на одбраната и Армијата, наведува МО.

Во касарната во Петровец, министерката Петровска ја отвори и новата спомен-соба посветена на Првата пешадиска бригада, која сведочи за долгата традиција на оваа единица, како наследник на 14. Македонско-младинска народноослободителна ударна бригада формирана во 1944 година и на Кичевско-мавровскиот партизански одред.

-Не постои доволно голема просторија која може да го собере сето она што е направено во нашата држава и од вас кои сега ја носите оваа униформа и тоа го правите со гордост, и од сите оние кои ги положија животите за државата. Темелите на оваа држава се многу значајни за сите нас и ме радува фактот дека после триесет години и сите стратешки цели кои ги постигнуваме и се развиваме, тие се битни за сите нас. Ваквите спомен-соби се само уште еден поттик да создадеме еден голем Воен музеј, зашто македонската Армија има традиции од многу одамна, рече министерката на отворањето на спомен-собата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: МОПетровска

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Во израелските напади врз Појасот Газа убиени 20 луѓе

July 5, 2025
Фото: ВИ

Трамп „многу незадоволен“ од разговорот со Путин за Украина

July 5, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија

July 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бајач од скопско Трубарево, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk