ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бесими: Со раст на државните и приватните инвестиции, ќе постигнеме стапки на раст од 5 отсто и отворање нови работни места

April 14, 2023 17:56
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Преку забрзување на вкупните инвестиции, во јавниот, но и во приватниот сектор, ќе се генерираат нови работни места и ќе се забрза економскиот раст, порачува министерот за финансии Фатмир Бесими.

Тој во интервју за „Гласот на Америка на македонски јазик“ (ВОА) посочува дека во Буџетот се издвоени средства за капитални инвестиции во вредност од 5,3 отсто од БДП, што е двојно повеќе во однос на историскиот просек, но и дека преку програми ќе се поттикнуваат инвестиции од приватниот сектор. За поддршка на приватниот сектор, но и населението во Буџетот се предвидени и 225 милиони евра за антикризни мерки.

Преку забрзување на вкупните инвестиции, во јавниот, но и во приватниот сектор, ќе се генерираат нови работни места и ќе се забрза економскиот раст, порачува министерот за финансии Фатмир Бес

-Очекуваме инвестициите во вкупната економија во следните пет години од сегашните 31 до 32 отсто да пораснат на 38 до 39 отсто. На тој начин ќе се генерираат нови работни места, но и економскиот раст ќе се удвои во однос на тоа што бил во минатото, односно од околу 2,5 проценти, би очекувале стапки на раст од 5 проценти просечен годишен раст, вели во интервјуто министерот за финансии и додава дека и преку програми финансирани од Буџетот се поттикнуваат и приватните инвестиции.

Тој објаснува дека овие очекувања се темелат на заложбите на Владата да ги зголеми значително јавните инвестиции, преку крупни капитални проекти како што е почетокот на четирите нови автопати на коридорите 8 и 10д, но и изградбата на источната и западната пруга на железницата на Коридорот 8 и рехабилитација на пругата на Коридорот 10, како и вложување во енергетската независност.

Во однос на изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д Бесими посочува дека со нивното завршување нашата земја ќе стане крстосница на европските патишта, на клучните паневропски коридори, што е стратешки важно како за нас, така и за целиот регион.

-Проектот неколкукратно ќе ја подобри економската позиција и економскиот развој, со ефект од околу 2 отсто од БДП на годишно ниво, или 10 отсто од БДП во текот на пет години колку што ќе трае, појаснува Бесими.

Тековно, посочува, останува поддршката за граѓаните и стопанството за полесно соочување со глобалната криза. Во Буџетот за годинава, како што вели, се издвоени 225 милиони евра за антикризни мерки или тоа се околу 1,5 отсто од БДП. Превидени се средства за субвенционирање на сумата за електричната енергија. За потребите на стопанството има средства преку поволните кредити на Развојната банка. Со програмите на Министерството за труд и социјална политика се предвидуваат средства за гарантираниот приход. Исто така, предвидени се средства и за други мерки доколку има потреба, како што беше случајот со поддршката на малите и средни претпријатија преку субвенционирана цена на електричната енергија во одреден временски период, за тие да можат да обезбедат пониски трошоци за нивното производство. На располагање стојат и административните мерки.

Фото: Министерство за финансии

Tags: Бесимиинвестицииработни места
Next Post
Фото: СЕП

Маричиќ: Шпанското претседателство со Европската Унија ќе одигра огромна улога за нашиот напредок во следната фаза на преговорите

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Ливерпул со спектакуларна победа го отвори првото коло во Премиерлигата

August 15, 2025

Почнаа разговорите меѓу Трамп и Путин

August 15, 2025
Фото: Профил на Х, Карл Билд

Карл Билд: Каква порака сака да испрати Лавров  кога се појави во Алјаска со маица на СССР?

August 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Уапсени демонстранти во Нови Сад на колена, со лисици и главите потпрени на ѕидот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: 11 часа по објавата на кандидатурата за градоначалничка, полицијата ми врачи кривична пријава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уште еден отказ на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk