ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Кога „мантија“ ќе почне да ти морализира, знак е дека никнуваат првите огледи на страв и тиранија

April 19, 2023 08:10
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Извесен Владика Петар, за онлајн порталот „Фокус“, ни вели: „На нашето општество му се заканува уште поопасна, по погубна и по отровна идеологија – родовата еднаквост“, очигледно владиката ги изразува своите лични ставови (или стравови?). А јас на неговото би додал: она со кое паметниот се срами, со тоа будалата се гордее!

Но, да одиме со ред. Овој наслов го видов вчера, прилично доцна. На „прво топка“ ми се згади, како што секогаш ми се гади кога ќе слушнам кај што безбожници морализираат во јавниот простор. Притоа, не сум атеиста, бидејќи атеизмот секогаш оди со некоја агенда и ангажираност во себе; не сум ниту агностик, никогаш не сум бил член на Клуб за метафизичари, едноставно можам за себе да кажам дека сум нерелигиозен.

„Во минатите векови, до феминизмот и еманципацијата на жената, таа била сопруга, мајка, домаќинка, а денес таа е високоеманципирана со забележителни позиции во општеството, но често и разведена и самохрана мајка. Кога некој бара повеќе или поголеми права, треба да е свесен, подготвен и способен да извршува повеќе должности“, ни порачува владиката Петар.

Што значи ова? „Во минатите векови“, така ја почнува реченицата Владиката Петар (небаре сведочи од лично име), додека жената му била роб на мажот, додека му перела, му пеглала, му ги чистела смрдливите гаѓи, додека се грижела за семејството, а додека овој, мажот, нели, одел под други сојки и пиел рујно вино, со жената било сè во најдобар ред.

Кога човек ќе ги прочита уште еднаш овие зборови на Владиката, би помислил дека се работи за некоја „нова“ и повампирена антиутопија од 20 век, а сепак така стара, односно, поинаку дефинирана, со поинакво „изоштрување“ на оние луѓе кои се занимаваа (и страсно го проучуваа) тоталитаризмот на 20 век.

Што уште ми кажуваат овие реченици на извесен Владика Петар? Па, тоа, пријатели, дека ни се заканува не комунизам од 20 век, туку ни се заканува некоја нова врста на „македонска теократија“, каква што беше американската, онаа од 17 век.

Од денешна перспектива ќе речете, дај не сери, Америка и тоталитаризам? Знам, и во право ќе бидете – не оди.

Е, добро, ќе речете, чисто колоквијално, Јовановиќу, што му е на овој поп, што сака да ни каже? Па, за почеток, немојте да бидеме наивни: под површината на зборовите на Владиката Петар не лежи анархија или некоја хипиевска фантазија, јок, море! Под површината на зборовите се скрива мрачен, бескраен, патерналистички деспотизам. Како е тоа возможно, ќе прашате, ако констатираме дека Северна Македонија веќе се избори за своите демократски и еманципаторски права за жените?

Во политиката има едно непишано правило: кога имате леви, демократски и еманципаторски идеи, демократијата расте и се развива; кога ви се закануваат ултраконзервативни политики, сите слободи се укинуваат, вклучително и слободите на жените. Тоа во политиката, барем за оние со два грама памет, не е ништо ново и непознато. Оние кои мислат дека Владиката Петар не знае што зборува, многу (опасно!) се лажат. Владиката Петар многу добро знае што зборува, и уште многу добро знае на кому тоа му оди во прилог. Му оди во прилог на ултраконзервативната десница на Мицкоски.

Од друга страна, очигледно на Мицкоски популарноста му удира в глава, веројатно анкетите кои ги спремаат од неговите „институти“ го „носат в облаци“, а на таквите идеологизирани индукции се лепи сешто, па така се лепи и по некоја радикална клеро-фашистичка мантија!? Небаре се наоѓаме во Иран, а мицковци се шиитски мула, само со еклектично (пара)христијанско покритие.

Ајде сега да ги соголиме речениците на Владиката како корупка од банана: посакуваат ропски живот на жените; посакуваат да бидат збришани сите уставни слободи не само на жените, туку на сите граѓани и граѓанки. Ќе направат сè за да воведат некоја врста на теократска тиранија.

Ајде уште малку да ги соголиме речениците: овие „духовници со мантии“ имаат проблем со слободата In general, а внатре во неа – имаат проблем со женската слобода. Кога женската слобода е најзагрозена? Токму тогаш кога и се негира оној универзален, човечки аспект – затоа што рамноправноста на мажите и жените извира од свеста дека се работи во биолошки различни, а сепак еднакво-правни и еднакво-вредни. Во свеста на „безбожните мантии“ жената претставува нешто стерилно, нешто кое се означува како „тело за репродукција“, романтичарски речено: „мајчина функција“. Тоа во свеста на „попињата“ значи дека жената има биолошка даденост/детерминираност, и тоа е единствено важно, а сè останато може да им се даде ама и не мора. Останатото е „вишок“. Најголемиот „вишок“ на жената е образованието затоа што им дава беспотребни и „штетни идеи“. Веројатно во свеста на „затуцаните мантии“ на жените не смее да им се дава ниту да читаат книги. Ништо не смеат да прават освен да ги користат своите тела за репродукција, или, пак, да ги извршуваат своите базични обврски внатре во хетеро-нормативниот поредок (куќна служителка, украсна сопруга итн.).

Никој нема право на жените да им наметнува машка перспектива на гледање, а на жените институциите на системот треба да им овозможат фер услови да се однесуваат и унапредуваат на начин на коj тие самите ќе одлучат. А вакви „Владици“ кои изнесуваат „свое мислење“ се ништо друго освен ходник, шум и тантрум на знаете кој, немој да ме терате сè да ви кажувам.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: Frontline

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Владика ПетарНЕНАД ЈОВАНОВИЌ

НАЈНОВО

ПСЖ го потопи Интер во финалето на Лигата на шампионите

May 31, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Арсовска достави докази во ОЈО во врска со легализирани дивоградби во Чаир спротивно на закон

May 31, 2025

Наместо европски реформи – предизборни идентитетски магли

May 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Автодиверзија врз сопственото постоење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказната на Соња Иванова и нејзината книжарница на отворено

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пендаровски за Дојче Веле: Оваа власт нема намера да оди кон ЕУ, одиме кон држави кои не се демократски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Француска собарка – новиот симбол на политичкиот речник на ВМРО-ДПМНЕ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk